Највкусните сарајлии, се топат во уста, вкусни се и топли и ладни! Фото и рецепт: Ане Велеска
Потребни состојки: 500 мл млеко, 2 јајца, 2 лажици шеќер, 4 лажички сол, 4 лажички масло, 1 квасец, 1 кг брашно, 120 г путер/маргарин (околу половина од цела коцка), ½ филџан од кафе масло и сирење по потреба
Постапка: Замесете тесто од млеко, јајца, сол, шеќер, квасец, масло и брашно. Оставете го тестото да одмори 10 минути додека да го приготвите плехот во кој ќе се пече (малку намастете го).
Тестото поделете го на 25 топчиња (сарајлии). Секое топче засучете го со рака и завиткајте го како полжавче. Сарајлиите редете ги во плех. Во средината ставете по парченце сирење, спанаќ или нешто по ваша желба.
Кога се готови, покријте ги и оставете ги да отстојат 1 час и 30 минути, но да не бидат во многу топла просторија.
Загрејте ја рерната. Растопете половина путер со половина филџан масло и прелијте преку готовите сарајлии. Ставете ги да се печат, а кога ќе заруменат извадете ги. / Фото и рецепт: Ане Велеска
Извор: Coolinarika