Овој вкусен компир толку ефектно изгледа, што слободно може да се најде и на свечена трпеза. Се приготвува многу лесно и многу едноставно.

Потребни состојки:

Компири со средна величина, по можност приближно еднакви да бидат

-Путер

-Кашкавал

-Сол, црн пипер по вкус

Постапка:

Компирите измијте ги и излупете ги. Отсечете мало парче на едниот крај за да можат стабилно да стојат вертикално.

По целата должина на компирот со ножот направете засеци, како кога би сечеле за помфрит, со тоа што не сечете до крај, туку оставате отприлика 1 см.

Потоа ставете го компирот во шерпа и прелијте го со врела вода. Поклопете и оставете да отстои 15-20 минути.

Извадете го компирот од шерпа и ставете го во подлабока тепсија за печење.

Зачинете го, а во внатрешната страна на компирот намачкајте по една кафена лажичка путер. Исто така, во секој компир можете да додадете малку ситно сечкан или изгмечен лук.

Одозгора, врз секој компир ставете парче кашкавал. Покријте со фолија.

Печете во рерна на 200 степени, околу 50 минути или додека компирот да биде готов.