НИКОЈ НЕМА ДА ПОГОДИ КАКО СТЕ ГИ НАПРАВИЛЕ! Колачиња за ЧАЈ Едноставно и ЕВТИНО. Овие колачи ќе ги направите многу лесно и едноставно, но изгледаат многу декоративно. еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Брашно – 300 грама
Прашок за печиво – 1 лажиче
Путер – 100 грама

Со прстите соединете го омекнатиот путер за да добиете смеса како трошки. Потоа додајте:

Ванилин шеќер – 0,5 лажиче
Шеќер – 70 г

Промешајте и додајте:

Јајце – 1
Кисела авлака (незасладен цврст јогурт) – 2 лажици

Замесете со рака додека тестото да стане комапктно. Завиткајте го во кеса и оставете го 20 минути во фрижидер. За тоа време пригответе го филот:

За фил:

Крем/младо сирење или несолена урда – 300 грама
Шеќер – 3 лажици
Ванилин шеќер 1 лажиче

Соединете ги состојките со рачен блендер додека да добиете убава мазна кремаста смеса. Оставете го кремот во фрижидер додека го работите тестото:

Извадете го од фрижидер и врз набрашнета површина развлечете го со оклагија.

Развлечете го тенко, па отсечете ги краевите за да добиете правилен правоаголник.

Исечете го на еднакви 9 квадрати.

На секој квадрат направете засеци од приближно 3-4 см од средината на секоја страна. Во средината од секој квадрат ставете фил.

Со прстите опфатете два спротивни краја и соединете ги над филот – горе. Потоа опфатете го од долната страна и тука соединете ги двата агли – долу.

Постапката повторете ја и од другата страна. А потоа истото направете го и со другите спротивни агли.

Наредете ги во намастен плех.

Печете на 180°C 30 минути.

Оставете да се подизладат. Одозгора наросете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.