Маснотиите од крвните садови се согоруваат…Високиот холестерол како никогаш да не постоел…

Ова е рецепт од народната медицина против покачен холестерол и затнување на крвните садови. Во продолжение прочитајте како се подготвува и дозира.

Еден од главните здравствени проблеми на многу луѓе денес е високиот холестерол и триглицеридите во крвта.

Не треба да се игнорира, бидејќи ризикот од срцев и мозочен удар се зголемува со висок холестерол.

Во нормални граници, холестеролот е корисен во телото, но ако е покачен, вишокот се депонира како плаки на ѕидовите на артериите.

Плаката може да го намали дијаметарот на артериите и пропустливоста на крвта низ нив. Ова доведува до артериосклероза.

Теоретски, многу работи би можеле да се подобрат со исхраната, но во пракса луѓето не се толку дисциплинирани кога станува збор за храната.

Затоа, обратете внимание на овој природен лек кој кај нас се пренесува од колено на колено. Првата состојка која ни е потребна е јаболков оцет.

Овој познат природен еликсир секогаш треба да го имате дома. Ни обезбедува мноштво здравствени придобивки. Некои од нив: го намалува нивото на холестерол, ги отстранува мастите од крвните садови и ја балансира телесната тежина.

Во теглата истурете 200 мл јаболков оцет. Другата состојка која ни е потребна за овој рецепт се сувите смокви. Земете 3 суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка од сите страни.

Потоа сувите смокви ставете ги во тегла со јаболков оцет. Ова го подготвувате навечер и го оставате да отстои до утрото, а потоа консумирате.

Сувите смокви ќе го впијат јаболковиот оцет. Наутро јадете 3 кисели смокви.

Остатокот од јаболковиот оцет не треба да се фрла, туку следната вечер повторно ставете 3 суви смокви во истиот оцет. Следното утро повторно јадете 3 кисели смокви и така натаму.

Тие 200 мл јаболков оцет можете да ги користите 7 дена. Поголемиот дел од оцетот ќе го апсорбираат смоквите.

По 7 дена прелијте нови 200 мл јаболков оцет и продолжете со терапијата уште 7 дена. Значи терапијата трае вкупно 14 дена и секое утро се јадат по 3 кисели смокви.

Добар и природен начин за намалување на холестеролот е да земете јаболков оцет. Според една студија, само една лажица јаболков оцет со чаша вода дневно е доволна за да се намали нивото на холестерол без негативни ефекти.

Друг паметен начин да го користите обичниот јаболков оцет во вашата исхрана е со негово додавање во салати. И на овој начин ќе биде корисен за намалување на холестеролот.

Ако сакате да пробате јаболков оцет како додаток на вашата секојдневна исхрана, важно е да го правите тоа умерено.

Прекумерната потрошувачка на јаболков оцет може да предизвика дигестивни проблеми и да ја оштети забната глеѓ.

Луѓето кои страдаат од чир на желудникот не треба да користат оцет. Како смоквата влијае на намалувањето на холестеролот? Консумацијата на смокви им се препорачува на оние луѓе кои страдаат од висок холестерол.

Ова овошје е богато со влакна, односно содржи состојки кои ја намалуваат апсорпцијата на холестеролот во организмот.

Растителните стероли содржани во смокви се врзуваат за молекулите на холестерол во цревата и ја попречуваат неговата апсорпција.

Некои извори наведуваат дека листовите од смоква се подобри за намалување на шеќерот и холестеролот од плодовите.

Покрај сè, треба да се нагласи дека контролата на холестеролот мора да вклучува здрава исхрана и физичка активност. И секако за крај, секој поединечно мора да се консултира со својот лекар. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.