ОДЛИЧЕН ДОМАШЕН ЛЕБ: Со овој рецепт и почетници можат да го направат. После овој рецепт веќе нема да купувате купечки леб. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 лажици маслиново масло
1 лажица сув квасец
1 лажичка сол
340 мл топла вода
600 г обично брашно
ПОСТАПКА:
Просејте го брашното во длабок сад, направете во средината вдлабнување како бунарче и тука сипете ја топлата вода. Додајте сув квасец и сол. Измешајте ги сите состојки и почнете да го месите тестото со рака.
Кога ќе стане компактно, залијте го со маслиновото масло и уште малку домесете. Кога тестото ќе се измазни, оставете го да ферментира во покриен сад еден час, додека убаво да го зголеми својот волумен.
По еден час тестото префрлете го на работната површина и обликувајте го во ваљак. Притоа, не треба да го гмечите тестото, туку нежно да го премесите како да диплите чаршав.
Поделете на три дела и од секој формирајте топка. Потоа секоја топка со рацете сплескајте ја и развлечете ја во кора.
Потоа кората свиткајте ја во ролат, а со штипкајќи со прстите спојте ги краевите и обликувајте долгнавеста векна.
Наредете ги векните во плех обложен со хартија за печење, но така да не се допираат (за секој леб одделно исечете хартија со чијшто крај ќе биде преграда.
Со прстите малку притснете ги одозгора за да сплескаат во широчина.
Покријте ги со крпа и оставете ги ферментираат и да нараснат 20-тина минути. Потоа направете тенки засеци на горниот дел (3 коси линии), испрскајте ги со вода (со рака) и посипете ги со брашно (со цедалка/сито).
Ставете да се печат во претходно добро загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.