ОДЛИЧЕН ДЕСЕРТ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Брз е, едноставен, а неговиот вкус е едноставно неодолив. Еве што ви е потребно за негова подготовка:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г пишкоти
30 г шеќер во прав
30 г какао
300 мл млеко

За крем:
5 жолчки
200 г шеќер
50 г пченкарен скроб/нишесте/густин
500 мл млеко
250 г мек путер

шлаг крем:
400 г шлаг
50 г рендано чоколадо

ПОСТАПКА:

Во сад измешајте млеко, шеќер и какао. Добро изматете за да се растворат состојките. Во оваа течност потопувајте ги пишкотите и со нив покријте го дното на калапот.

Подгответе го кремот. Скробот, шеќерот и жолчките измешајте ги во млекото. Промешајте и ставете на оган. Варете со непрекинато мешање додека да добиете густ пудинг. Тргнете од оган, покријте со фолија и оставете да се излади.

Откако ќе се олади пенасто изматете го со миксер, па додајте го омекнатиот путерот и продолжете со матење додека да добиете нежен, изедначен крем.

Нанесете го кремот врз пишкотите и израмнете го.

Оставете во фрижидер да се излади еден час. Изматете го шлагот со миксер.

Потоа нанесете го врз кремот, а одозгора посипете со рендано чоколадо. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.