КРЕМАСТИ ГРИЗ „ЧУПАВЦИ“…Овој рецепт е толку лесен што секому успева од првпат…Сите состојки се варат во тенџере, потоа се излева во калап и се остава да се стегне, па се сечат коцки и се валаат во кокос. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
40 г путер
150 г шеќер
2 полни лажици какао во прав
160 г гриз
1 кесичка ванилин шеќер (или содржината од една мешунка)
50 г чоколадо за готвење (се додава во сварениот крем)
малку кокосово брашно за валање на колачот

ПОСТАПКА:

Сите состојки сипете ги во едно тенџере (млеко, путер, шеќер, како, гриз и ванила), па со непрекинато мешање сварете го на умерена температура.

Кога ќе згусне тргнете го тенџерето од оган и додајте го чоколадото искршено на коцки.

Мешајте додека и тоа да се растопи и инкорпорира во смесата.

Сварената смеса истурете ја во калап со димензии 21х21см (може и малку поголем за пониски коцки), распоредете и израмнете, па покријте со прозирна фолија за да не фаќа коричка.

Оставете да се олади прво на собна температура, а потоа и малку во фрижидер, па исечете го на коцки.

Валајте ги во кокосово брашно и сладете се во кремастиот вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.