Брзи уштипци со јогурт, без квасец, без да се чека тестото и освен што се вкусни, не се масни. Спремни се за половина час! Подготовката е едноставна и лесна, пробајте и уверете се сами. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
300 мл јогурт
1 лажичка сол
500 г брашно (
1 кесичка прашок за печиво (12 г)

ПОСТАПКА: Во длабок сад ставете две јајца, 300 мл јогурт и лажичка сол. Промешајте, па постепено додајте половина килограм брашно и една кесичка прашок за печиво.

На почетокот мешајте со лажица додека брашното да се впие, па кога ќе стане компактно замесете со рака. Тестото треба фино да се одвојува од садот и да не се лепи за рака, но сепак да биде меко.

Извадете го на набрашнета работна површина, поделете го на два дела и обликувајте топки. Секое развлечете во кора со дебелина помалку од 1 см и исечете ја на триаголници. По желба можете и други облици.

Во широка тава сипете масло да го прекрие дното. Загрејте го на умерена температура, па спуштете ги уштипците. Пржете ги по неколку минути додека да заруменат од двете страни.

Послужете ги топли со чаша јогурт, кисело млеко и сирење, а може да ги послужите и во слатка варијанта. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.