Најдобриот третман за приклештен нерв на вратот (што предизвикува болка во рамето, раката, плешката, ромбоидна болка или чувство на иглички и вкочанетост во раката) вклучува 3 клучни движења: повлекување (ретракција), влечење (тракција) и латерална флексија (странично свиткување).

Овие движења даваат најголемо ослободување од „цервикална радикулопатија“. Значи, еве ги најдобрите вежби за приклештени нерви во презентација на киропрактичарот Стефан.

Кога нервот во вратот е приклештен и предизвикува болка во рамото, горниот дел од грбот или долж раката, тоа е затоа што овој простор каде што нервот излегува од ‘рбетот е затворен.

Овие три движења ќе го зголемат тој простор повторно со повлекување, влечење и странична флексија, па еве ги најдобрите вежби со тие движења за брзо олеснување:

ВЕЖБА 1. Повлекување со влечење (ретракција со тракција)

За првата вежба легнете на грб, главата да биде надвор од креветот потпрена само со прстите од двете раце (положба како за изведување стомачни).

Потоа спуштете ја малку брадата и држете ја вовлечена, па употребете ги рацете за да ја спуштите главата колку што ви е удобно, надолу.

Ќе почувствувате истегнување и отворање на зглобовите во основата на вратот или горниот дел од грбот.

Ако се чувствувате удобно, додајте ја втората компонента, која е влечење кон надвор, држејќи ја брадата вовлечена и главата спуштена надолу, тргнете ја главата подалеку од телото со рацете.

Останете во оваа положба неколку секунди, а потоа полека олабавете се и кренете ја главата нагоре користејќи ги рацете за да ја преземете тежината.

Држете ја брадата во текот на целиот процес и повторете 10 пати со бавни движења. Ако ова движење ви предизвикува болка во ‘рбетот или надолу по раката, тогаш вратот е премногу воспален за вежбање, па затоа треба да го фиксирате и да посетите професионалец.

ВЕЖБА 2. Повлечена латерална флексија

Следно, ќе го зголемиме просторот за нервот со навалување на вратот настрана.

Сега претпочитам да го правам ова со болната рака зад грбот, но ако ова го повредува вашето рамо или ги зголемува симптомите, наместо тоа, можете да се послужите со стол за да го држите рамото надолу додека се навалувате настрана.

Држејќи го рамото од болната страна нежно надолу, наведнете ја брадата навнатре и назад и полека навалете се од болната страна.

Останете во положбата за момент, потоа погледнете надолу во колкот и вратете се назад на другата страна, направете го ова десет пати полека, но само во една насока подалеку од страната на болката. Треба да почувствувате како мускулите на страната на вратот се истегнуваат, додека зглобовите на страната на вратот се отвораат.

ВЕЖБА 3. Торакална-брада Мачка-крава

Во оваа вежба се концентрираме на средишниот дел од грбот за полесно ослободување на нервот.

Ова најдобро се прави на колена, но ако колената ве болат во таа положба, можете да направите варијација на столче, ставете ги рацете на или веднаш пред колената, а потоа започнете со заокружување на средината на грбот и поглед кон стомакот.

Потоа движете се во спротивна насока полека туркајќи ги градите нанадвор до заоблување на средината на грбот и носејќи ја главата назад, но држете ја брадата спуштена цело време (не ја подигајте главата) додека вратот не ви биде малку издолжен, но не кревајте ја брадата.

Потоа вратете се во почетна положба и повторете десет пати полека држејќи се во опсегот на движења без болка.

ВЕЖБА 4. Реципрочна инхибиција со ефект на влечење

Во последната вежба ги активираме длабоките вратни флексори на вратот за да ги релаксираме затегнатите вратни мускули кои често доаѓаат до нервна иритација.

Со вратот во неутрална положба и малку повлечен, ставете ги двата палци под коската на брадата, а потоа обидете се да ја повлечете брадата надолу. Но, истовремено спротивставете им се на палците, помислете на издолжување на задниот дел од вратот додека ги притискате палците надолу.

Издржете во оваа положба пет секунди и повторете пет до десет пати, онолку колку што ви е удобно.

Ако ве боли плешката после долго седење и работа пред компјутер, направете ВАКВО истегнување:

РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИЗБЕГНУВАТЕ!

Гледањето во телефонот во свиткана положба додека лежите на кауч или во кревет е најчеста причина за нервна болка низ раката. Затоа, подигнете го телефонот на повисока положба кога седите и легнете на страна за да ги погледнете уредите во кревет (со телефонот на перницата до вас), ако веќе морате.

Вежби за приклештениот нерв на вратот што најдобро е да ги избегнувате: Обидете се да не гледате премногу нагоре кога имате приклештен нерв што предизвикува болка во раката, бидејќи тоа повеќе ќе го компресира нервот. И избегнувајте вежби каде што се навалувате кон болната рака.

ЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА
Ќе знаете дека дека има подобрување ако вкочанетоста, игличките или болката во раката (или болката во горниот дел од грбот) почне да се повлекува кон основата на вратот.

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ
Ако почнете да добивате продолжено чувство на вкочанетост на раката или рамото, или каква било мускулна слабост на раката или рамениот појас… одете директно кај вашиот лекар.