За голем број болести, особено за хроничните, природните лекови се најдобри. Нема штетни ефекти и многу е поевтино.

Со првиот посилен ветер во студените денови започнува страдањето на оние кои имаат проблем со синусите.

Се јавува главоболка за која не помагаат таблетите.

Најдобар сојузник во оваа борба е ренот.

РЕЦЕПТ:

Свежиот рен изрендајте го и прелијте го со винска киселина, а потоа ставете го во шише од 500 мл. Смесата оставете ја 10 дена на собна температура со повремено мешање.

После 10 дена, неколку пати на ден низ отвореното грло на шишето вдишувајте околу 5 минути. Со истата течност натопете парче ткаенина и преку ноќ оставете да делува на челото. Фиксирајте со марама или завој.

Третманот трае 5 дена.

Второ решение: изрендајте 50 грама рен, ставете го во 500 мл вода да зоврие. Потоа ставете ја главата преку садот, покријте ја главата со пешкир и вдишувајте ја пареата.