Брза пита со сирење за ненајавени гости

Потребни состојки:

700 г брашно

1 инстант квасец

1 лажичка шеќер

2 лажички сол

2 јајца

350 мл топла вода +-

За премачкување:

80 г путер

80 г маргарин за премачкување

400 г сирење

И уште:

1 жолчка

Малку сусам

Постапка:

Од брашното, квасецот, солта, шеќерот, јајцата и топлата вода замесете меко тесто. Оставете половина час да одмори, па поделете на 6 топчиња.

Маргаринот и путерот растопете ги. Првото топче развлечете го со величина на плехот, претходно намастен со путер. Кората исто така премачкајте ја со растопен путер, па наросете со сирење (свежо сирење или фета). Постапката повторувајте ја додека состојките да ги потрошите.

Потоа питата исечекајте ја на ромбови или по желба.

Последната кора премачкајте ја со растоепн путер, па со изматена жолчка и наросете со сусам. Оставете околу половина час на топло, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.

Печената пита оставете ја 5-6 минути да одмори, па послужете.

Претходна статијаОвој моќен лек за 5 дена ги лечи воспалените синуси
Следна статијаТорта со мерки на лажица настаната со комбинација на најубавите торти што постојат