Машините многу ни го олеснуваат перењето алишта, но и тие треба да се чистат одвреме-навреме.
Експертот за чистење и инфлуенсер Барбара Костело, која има профил на Инстаграм наречен „Brunch with Babs“, покажа како да го исчистите скриениот дел од машината за перење и да и го продолжите животниот век, пишува The Sun.
Таа советуваше дека филтерот треба да се чисти на секои неколку месеци и ги предизвика нејзините следбеници да го најдат во нивните машини за перење.
„Ако не знаете каде е филтерот, може да се случи да имате проблем, бидејќи треба да се чисти до четири пати годишно“, рече Барбара, а потоа покажа како да го отстраните и да го исчистите темелно.
„Мојот е на предната страна на машината. Само ќе ја отворам оваа мала „вратичка“ и тука е филтерот. Имам крпа и чинија“, рече таа.
Додека Барбара го вадеше филтерот, водата излезе од машината за перење, но таа налетот го пречека со садот. „Откако ќе го исплакнете филтерот во топла вода, проверете дали има предмети во машината, како чорапи итн.
Барбара потоа стави малку алкохолен оцет на крпата. „Избришете ја преградата за филтер со ова бидејќи веројатно е многу валкана. Кога ќе се исуши, вратете го филтерот во машината“, додаде таа.
„Сега нема да морате да се грижите за филтерот за вашата машина за перење неколку месеци. Чистењето траеше околу пет минути, но навистина го продолжува животот на машината и ќе имате многу поубави и помирисни алишта“, изјави на крајот Барбара.
Наскоро, ентузијастичките следбеници и одговорија во коментарите. „Како е можно? Јас сум доста возрасна и првпат дознав за ова! Леле!“;
„Се плашам да помислам што има во нашата машина, бидејќи сме под кирија додека не си купиме свој стан“, се само дел од коментарите. Видеото на Барбара на нејзиниот инста-профил можете да го погледнете ОВДЕ.