Со овој рецепт ќе пројадат и оние кои не јадат леб. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
700 г меко брашно
30 г свеж квасец (7,8 г сув)
400 мл млака вода
1 лажица шеќер
1 лажица сол
1 лажица оцет
2 лажици масло
ПОСТАПКА:
Квасецот издробете го во млака вода, додајте шеќер и измешајте. Ставете малку брашно ако користите свеж квасец, изедначете да нема грутчиња, па оставете 10-тина минути на топло за да се активира.
Со сувиот квасец овој чекор можете да го прескокнете, ако има сигурен рок на траење.
Потоа додајте лажица оцет и половина од вкупното брашно, па убаво се меша со жица за матење, да добиете густа, полутечна смеса без грутчиња. Потоа постепено додајте го остатокот од брашното и повторно добро измешајте.
Тестото ќе биде меко и лепливо, но така треба. Премачкјате го со масло од сите страни и уште малку премесете го колку да се измазни.
Покријте го со крпа и оставете го да отстои од 30 до 60 минути, или колку што е потребно за убаво да ферментира и да го удвои волуменот. Може да остане и повеќе од еден час.
Посипете ја масата со брашно, истресете го тестото и нежно премесете. Сега тестото ќе биде убаво и меко, но нема да се лепи за раце.
Малку развлечете го со рацете во правоаголник, а потоа со оклагија развлечете го во правоаголник со големина приближно 40 x 25 см.
Полека свиткајте го како ролат. Префрлете го плех обложен со хартија или во специјален, длбок калап за лебови во кој ќе може да расте во висина.
Површински исечете дијагонални линии со тенок нож или жилет, за да не ви пукне лебот одозгора при печењето. Кога сето тоа ќе го направите оставете да отстои 5 тина минути, па дури потоа вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Оставете го тестото да отстои додека се загрева рерната (така ќе има време уште 15-тина минути да ферментира и да порасне). Кога рерната ќе се загрее, ставете го лебот да се пече во рерна на долната полица.
Така нема да подгори лебот ниту одозгора, ниту одоздола. Печете околу 40 минути, во зависност од рерната. Ако не сте сигурни дали е печен, земете чепкалка за заби, или стапче за ражен, па дури и нож, па прободете го од страна.
Ако излезе суво, готов е, ако има барем и малку лепливо на стапчето, оставете го да се пече уште пет минути или колку што е потребно.
Испеченото лепче го отстрануваме од плехот да се излади. Ако сакате крцкава кора, само оставете да се лади.
Ако ви се чини дека е премногу тврда кората кога ќе го допрете, одозгора намачкајте со тенок слој масло и покријте го со крпа и така оставете да се лади, кората малку ќе омекне, но нема целосно да ја изгуби крцкавоста.
Не ставајте го лебот во кеса додека целосно не се излади. Ако случајно ви останал лебот и за следниот ден, ставете го преку ноќ во кеса за да остане мек и да не се исуши.