Има многу повеќе употреби на препарати подготовени од ловоров лист отколку што многуминаа знаат, односно додавање во разни варива за подобрување на вкусот.

Го забавува стареењето, смирува, помага во борбата против бактериите, го лекува респираторниот тракт, ги чисти зглобовите од урична киселина, помага во намалување на вишокот килограми…

Ловоровиот лист е чудотворно растение и штета е да се користи само како додаток во јадењата. Познавачите велат дека тоа е многу моќно растение кое го забавува стареењето, го подобрува расположението, го чисти организмот, решава респираторни проблеми итн.

Еве неколку начини на кои можете да го користите за здравје:

Помага при мачнина и замор, разбудува – комбинацијата на супстанциите во ловоровиот лист има смирувачки ефект врз телото и псиxата. Сè што треба да направите е да запалите неколку листови во просторот во кој престојувате и оставете миризливиот чад да го направи своето.

Но, не правете го ова пред спиење бидејќи мирисот на запален ловор ќе ве разбуди. Исто така, ова правете го само во безбедносна средина.

Ја чисти вишокот слуз од белите дробови – ловоровиот лист е респираторен стимуланс и може да помогне во исфрлањето на слузта од белите дробови. Најдобар начин е да ставите свежи или суви листови во топла бања или инхалатор.

Помага и мачкањето со ловорово масло во пределот на градниот кош и грбот. Помага во лекување на алергии и астма.

Помага при дијабетес – истражувањата покажале дека консумирањето 3 грама ловоров лист дневно го намалува нивото на гликоза кај луѓето со дијабетес тип 2.

Добро е за дигестијата – коростете го колку можете повеќе во храната или масирајте го стомакот со ловорово масло после оброк, ќе помогне во лачењето на дигестивните сокови и побрза преработка на храната во желудникот.

За правилно функционирање на срцето – органското соединение кое се наоѓа во ловорот ги зајакнува капиларите во срцето и помага да се елиминира лошиот холестерол од телото.

Третира воспаление на зглобовите – масирајте го болното место со масло од ловоров лист и зголемете ја количината на ловорови лисја што ги додавате во храната.

За уринарни инфекции – измешајте ловоров прав со млеко и пијте. Тоа е стар рецепт за решавање на овие проблеми. Како се подготвува и употребува лековитото масло од ловоров лист, прочитајте ОВДЕ.