Како правилно да го одморите мозокот е совет кој секој мора да го прочита и примени што е можно поскоро.
Менталниот замор е честа појава во современото општество и од него страда голем дел од населението, без разлика на возраста.
Причината се социјалните мрежи, премногу информации, телевизорите, компјутерите и сите други медиуми. Романскиот неврохирург Влад Циуреа тврди дека мозокот може да се опушти вака:
„Мозокот не е орган што можеме да го контролираме. „Можеби не го знаете тоа, но на мозокот му треба и одмор и внимание“, тврди тој.
„Мозокот никогаш не спие, но постои начин да се одмори и стимулира. Да, на мозокот му требаат позитивни дразби“, објаснува овој неврохирург и професор.
Влад препорачува да спиете без мобилен телефон во близина. Оставете го телефонот во друга просторија, на пример во ходникот.
Првото нешто наутро треба да погледнете во небото или едноставно да уживате во погледот низ прозорецот за да ги стимулирате вашите визуелни центри. Неговата препорака е да слушате музика која ви го подигнува расположението и да пиете вода веднаш штом ќе се разбудите.
Јадете умерено, бидејќи стомакот го преоптоварува мозокот. Се препорачува и пиење црвено вино бидејќи помага за чистење на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерувате бидејќи алкохолот ги напаѓа нервните клетки.
Златното правило за одморен мозок, според Влад Циуре, е тишината! Тој советува да одвоите време да уживате во тишината, да ги исчистите мислите.
Почестете се со радост секој ден, бидејќи радоста е вистинска храна за мозокот!
Најдобар начин да го ресетирате мозокот:
Наспијте се – 8 часа квалитетен сон во темна и тивка просторија е задолжително.
Обидете се да не размислувате пред спиење (знаеме дека тоа е невозможно), но повторувањето на молитвата или мантрата може да помогне.
Научете нова вештина (плетење, хеклање, цртање, боење)
Шетајте секој ден – пешачете колку што можете повеќе и притоа не слушајте музика, само оставете ги телефонот и слушалките настрана.
Пишувајте дневник.