Луѓето на Интернет сакаат да прават споредби за тоа, како луѓето во 80-тите и 90-тите изгледале многу постаро во однос на денес.

Популарен пример за ова е Ру МекКланахан која имала 51 година кога почнала да ја игра Бланш на „Златните девојки“ во 1985 година, а за споредба, Џенифер Лопез има 54 години и никој не би размислувал да ја предложи Џеј Ло како баба.

Се разбира, има секакви работи, и во наша контрола и надвор од нив, кои можат да направат да изгледаме многу постари отколку што сме.

Објавата на Редит која е многу популарна деновиве ги повикува луѓето да одговорат на прашањето: „Што некого инстантно старее? Темата има повеќе од 13 илјади одговори досега и ова се едни од најдобрите:

„Недостаток на спиење. Затоа се нарекува ‘сон за убавина’!“
„Дефинитивно децата. Првите побелени влакна ги добив веднаш откако добив деца“.

„Да имаш малечки е тешко, но одгледувањето тинејџери те старее во кучешки години“.
„Лоша пластична хирургија“.

„Или премногу пластични операции. Ако изгледате како да имате многу „пластика“, дури ако е добро сработено од страна на хирурзите, но едноставно ве прави да изгледате поинаку од она што сте изгледале порано, ќе изгледате постаро затоа што изгледате како да сте смениле личен опис со „пластиката“, а тоа само по себе ќе ве остари“.

„Начинот на кој се облекувате“.
„Цигарите апсолутно го стареат лицето неверојатно ефикасно, и визуелно и здравствено.

„Работа во стресни средини“.
„Решавање проблеми со печатачот. Се колнам дека овие ѓаволски машини постојат само за да предизвикаат стрес кога ќе се заглави хартијата во нив или едноставно престанат да работат без причина“.

„Чекајќи децата да ви се јават.“
„Да дознаете за бендот што сте го слушале кога тие првпат излегле, дека го примиле во Куќата на славните на рокенролот“.

„Или песна за која твоите родители биле убедени дека ќе те испрати директно во пеколот, сега ја слушате како свири најнормално во самопослуга“.

„Болки во грбот. Не можете да се движите како млад човек ако ве боли грбот”.
„Да видиш мечка на патот.“