Повеќе никогаш нема да купувате салама со овој супер рецепт. Направете си домашна со многу подобар вкус од купечката. Здрава подготовка, без адитиви, конзерванси и подобрувачи на вкус..
Многу лесно се подготвува, а ќе добиете совршена закуска за појадок, вечера или предјадење на свечената трпеза…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3/3 кг свеж свински бут, 4 ловорови листови, црн пипер во зрно, 1 главица кромид, 10 чешниња лук, 2 супени лажици сол
ПОСТАПКА: Свинските бутчиња убаво измијте го со ладна вода, па ставете ги во големо тенџере. Залијте ги со ладна вода и оставете ги да отстојат 1 час. Потоа фрлете ја таа вода и полијте ги со нова ладна вода.
Ставете една голема главица кромид (изупена и исчистена), 4 ловорови листови и половина грст црн пипер во зрно (или по вкус). Ставете да се вари 3-4 часа. Готово е кога месото ќе почне да се одвојува од коската.
Штом зоврие водата додајте две лажици сол и продолжете со варењето додека месото почне да се одвојува од коските. После три и пол часа би требало да е сварено. Извадете го од водата и оставете да се олади.
Не ја фрлајте водата во која се вареше, ќе биде потребна за подоцна. Штом месото е доволно изладено, отстранете ги коските. Сечете го месото на парчиња по ваша желба и сочувајте ја кожата настрана (за грав, кисела зелка или некое друго јадење).
Во месото додајте 10 чешниња лук истиснати низ преса (или рендани) и 2-3 кутлачи булјон (течноста во која се вареше месото) и промешајте добро.
Остатокот од булјонот не го фрлајте, туку наполнете калапчиња за коцки мраз, или мали зип кесички или слично, па замрзнете го и по потреба вадете си кога ќе готвите јадења. Кога коцките булјон ќе се смрзнат, извадете ги и ставете ги во една кеса.
Земете едно чисто пластично шише и исечете му го врвот, за да послужи како калап за саламата. Наполнете го шишето со месото и добро притискајте и израмнувајте со лажица за да нема воздушни празнини.
Не го преполнувајте шишето до крај до врв. На кра, одозгора сипете две кутлачи булјон, за течноста да продре низ месото и сè да пополни. Прекријте со стреч-проѕирна фолија, добро завиткајте и оставете во фрижидер преку ноќ.
Следниот дел исечете го шишето и извадете ја саламата. Потоа сечете на парчиња и послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „НАПРАВЕТЕ СИ ДОМАШНА САЛАМА: во рерна или со варење, пилешка колбасица со која го заборавив супермаркетот“ – ОВДЕ.