Направете си домашна салама која ќе ве освои со вкус, а посебно со леснотијата која што се прави. Може да се спрема на два начина, а разликата во нив не се ни приметува. Во следниот рецепт според количината на состојките излегуваат 2 големи пилешки колбаси.

Ќе ви бидат потребни: 1 кг пилешко филе, 8 пилешки батаци, 2 чешниња лук, сол, црн и црвен пипер. Постапка: Пилешкото филе го сечам на половина така што од секое парче добивам 2 потенки. Потоа од секое парче сечам поголеми коцки.

Коцките од филето потоа ги чукам со нож (не со кујнски чекан) за да не се изгмечат и да се направи како паста, а со нож излегуваат помали парчиња и меѓусебно се соединуваат. Истата постапка ја повторувам и со батаците.

Најпрво од батаците ја вадам кожата и коската. Потоа сечам парчиња со иста големина како од пилешкото филе и ги ситнам со некој потежок нож исто како со филето. Коската и кожата од батаците ја тргам настрана за да подготвам бујон.

Иситнетото месо го соединувам со филето во еден подлабок сад. Во меѓувреме го подготвувам пилешкиот бујон: во тенџере ставете ги коските и кожата од батаците и прелијте со 1 литар вода. Од моментот на вриење продолжете да варите уште 30 минути.

Местото го зачинувам со на врв лажичка црн пипер, 1 полна супена лажица сол и ситнам или може и да исечкате 2 чешниња лук. Во месото додавам 160 мл пилешки бујон и сè заедно мешам со соединување.

Потоа садот го покривам со проѕирна фолија и го ставам во фрижидер да отстои преку ноќ. Следниот ден кога ќе работите со месото ќе забележите дека е повеќе стегнато и може полесно да ракувате со него.

Земете една хартија за печење (целофан) и наросете ја со црвен пипер. Црвениот пипер ќе даде дополнителна боја и вкус на саламата. Месото поделете го на два еднакви делови и ставете го едниот дел на хартијата за печење.

Свиткајте во ролат и добро обликувајте го првиот колбас и добро стегнете го. Краевите добро завиткајте ги како бонбона. Потоа земете еден коноп од јута и заврзете ги краевите на целофанот. Со помош од некој дома помогнете си да ги врзете двете страни од целофанот цврсто.

Потоа земете уште еден подолг коноп и заврзете го едниот крај па продолжете го конопот кон месото, прицврстете со прстот негде пред средина и повлечете го одоздола во круг па заврзете. Истото направете го уште еднаш и завршете го врзувањето на другиот крај. Подетално за врзување на конопот околу месото може да погледнете во видеото подолу.

На ист начин подгответе го и вториот колбас. Саламата може да ја спремите на два начина: првиот начин е во тенџере да го прелиете колбасот со ладна вода и варете од моментот на зовривање уште 1 час на средна температура.

Ако сакате саламата да ја печете, тоа направете го во претходно загреана рерна на 180 степени, исто 60 минути. По готвењето саламата се остава добро да се излади па се сече на потенки кришки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.