ЧОКОЛАДЕН РОЛАТ СО ПИШКОТИ: Се подготвува брзо и секому успева од првпат. Не мора да ја вклучувате рерната за да направите совршен десерт. Потребно ви е помалку од половина час за да подготвите чоколаден ролат со пишкоти.
Ако сакате да јадете нешто слатко, но не ви се оди до слаѕкарница, направете си вкусен ролат со чоколадо и пишкоти што не одзема многу време.
Наместо колачиња купени во слаткарница, сега можете брзо, лесно и едноставно да си направите вкусни колачиња дома. Сè што треба да направите е да наредите 3 различни слоја на плех и да свиткате во ролат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1.1 литар млеко, 100 г скроб/нишесте/густин, 200 г шеќер, 200 г чоколадо, 20 г путер, 9 пишкоти, 200 г чоколадни трошки, 100 г ореви (или други јаткасти плодови по избор)
ПОСТАПКА: Загрејте литар млеко, а останатите 100 мл измешајте ги со скробот. Кога млекото ќе зоврие додадете ги растворениот скроб, шеќерот и чоколадото. Гответе со постојано мешање додека да се згусне како пудинг и малку погусто.
Во врелиот фил додајте путер и мешајте додека да се растопи и инкорпорира. Филот треба да биде погуст од вообичаено. Измешајте ги чоколадните трошки со сечканите ореви (или одберете јатки кои ви се допаѓаат).
Во плех ставете хартија за печење и во тенок слој истурете ја мешавината од трошки и ореви. Прелијте го филот и распоредете рамномерно, па врз него наредете ги пишкотите.
Внимателно свиткајте го ролатото. Ставете го во фрижидер да се олади и убаво да се стегне 12 часа или во замрзнувач 4 часа. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ВКУСЕН РОЛАТ, ПОДОБАР И ОД РЕСАНА КОЛАЧОТ: Десерт за 5 минути, можете секој ден да го правите“ – ОВДЕ.