Здраво почитувани читатели на НМД.мк, би сакала да споделам еден ефикасен лек или третман, како сакате наречете го, кој мене многу ми помогна пред многу години.

Имено, јас веќе со години имав проблем со габична инфекција и никако не можев да се ослободам од неа. Со сопругот тогаш бевме во брак веќе пет години и заедно имавме пробано што-ли-не.

Речиси секој месец користев најмалку 2 пакувања вагиналети откако ќе ми завршеше циклусот, но инфекцијата повторно ми се враќаше. Со сопругот пиевме и по една капсула за чистење на кандидата, но повторно, по неколку месеци таа ме напаѓаше.

Ми велеа дека поради тоа што сум јадела благо сум имала кисела рН вредност на слузокожата, но не јадам многу повеќе благо од другите жени за да имам ваков проблем.

Веќе станав очајна и за овој проблем почнав отворено да разговарам со моите најблиски пријателки и да барам спас.

Тогаш, една од пријателките ми понуди да отидам кај нејзиниот гинеколог, кој бил повозрасен речиси пред пензија, но со големо искуство и ефикасен во лекувањето. На неа успешно и нашол решение за полицистичните јајници кога сите доктори дигнале раце од неа.

Се решив и отидов кај новиот гинеколог. Срдечно ме пречека, ме сослуша и ме прегледа. Тогаш ми го даде овој непроценлив совет:

Секој ден кога ќе се туширам, да си инјектирам со шприц раствор од вода и сода бикарбона.

Пробав и уште веднаш имаше резултати. Исчезна црвенилото, исцедокот се повлече, слузокожата ми заздраве. Оттогаш се изминати многу години и веќе немам проблем. Овој третман си го практикувам повремено, по потреба, а почетокот го користев редовно, секој ден.

РЕЦЕПТ:

1 лажичка сода бикарбона
1 чаша млака вода
1 шприц
1 пластична чаша од тврда пластика

Постапка:

Во чаша со млака вода ставете една полна лажичка сода бикарбона и размешајте за да се раствори.

Ставете ја чашата (јас користам пластична чаша за да не ми се скрши случајно во кадата) на згодно место во бањата за да можете да ја употребите при туширањето.

Со шприцот инјектирајте и направете еден вид испирање. Кандидата не може да преживее во базна средина и сода бикарбоната ја убива, односно го регулира нејзиното размножување.

Се надевам дека некому ќе му помогне ова едноставно решение кое мене ме спаси од маката.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на Vesna Dimitrieska: “Ова ми го кажа доктор Таше плодност Битола светски гинеколог го почитувам респект

…И водата да зоври после сода бикарбона и КОГА Е МЛАКО СО ШПРИЦ ЧИСТИ СЕ…”

Ваши коментари:

“Tocno e, a uste podobro ako e caj svaren od kamilica ,preceden i vnatre da stavis soda bikarbona”

“Tocno I jas go imam koristeno so posebna pumpa preporacano od ginekolog I stvarno uspesno”

Т.К.: ”Postoi specijalna sprava za intimna hugiena koja ja koristam veke 10 godini i se vika IRIGATOR….posebno kupuvam kesicki so specijalen rastvor koj se mesha vo mlaka voda,se stava vo irugatorot i se pravat promivkite…..”