Полнети печурки, деликатес на кој сигурно нема да можете да одолеете доколку сте љубител на печурките.
Заедно со добро подготвеното месо, секогаш ни треба убав и вкусен прилог. За разбивање на монотонијата од компирот и оризот, да ги одмориме овие две состојки и да ги заамениме со полнети печурки.
Полнети печурки, фантастичен деликатес со кој дури не ви треба месо… Доволни се сами по себе и можете така да ги јадете. Подгответе ги за драги гости, верувајте дека ќе бидат многу задоволни. Се комбинираат фантастично со пилешко или плескавици. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг печурки со средна величина (да не се ситни), 1 топче моцарела или кашкавал по избор кој се растегнува при печење, околу 100-150 г пармезан или некој друг тврд кашкавал, хималајска сол (по избор и вкус), 1-2 супени лажици маслиново масло и 1/2 лажичка суво оригано
ПОСТАПКА: Печурките исчистете ги, па внимателно отстранете им ги стебленцата (од нив можете да приготвите вкусна крем чорба). Наредете ги во плех или тепсија обложена со хартија за печење.
Во маслиновото масло додајте малку оригано и промешјте. Со оваа мешавина премачкјате ги сите печурки (со по мош на силиконска кујнска четкичка) и посолете ги по вкус.
Во секоја печурка ставете коцка моцарела и коцка тврд/жолт кашкавал. Ставете да се печат во добро загреана рерна на мах температура (250 степени), 15-20 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Еве како се приготвуваат највкусните шампињони – 4 рецепти“ – ОВДЕ.
ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Еве како се приготвуваат највкусните шампињони