Потребни состојки:

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици брашно

1 прашок за печиво

4 лажици какао

6 лажици топла вода

За МИЛК крем:

1 литар млеко

100 г густин

4 лажици шеќер

100 г бело чоколадо

250 г путер/маргарин

150 г шеќер во прав

за глазура (топинг):

200 г млечно чоколадо

5 лажици шеќер

150 г путер/маргарин

Постапка:

Кори: јајцата изматете ги со шеќерот. Посебно се промешуваат брашно, прашок за печиво и какао, па се додаваат во изматените јајца. Полека се промешува да остане пенасто.

Додавајте вода и соединете ја смесата која ќе ја излеете во голем плех обложен со хартија. Печете на 180 степени, 20 минути, а печената кора ќе ја поделите на половина, за да добиете две кори.

За МИЛК крем: Од литар млеко одземете 150 мл во кои ќе промешате густин и шеќер. Во зовриеното млеко додадете го густинот и варете со постојано мешање додека да згусне.

Кога ќе излади, додадете пенасто изматен путер со шеќер во прав.

за глазура/топинг: чоколадо, шеќер, млеко и путер ставете ги на оган и мешајте додека состојките да се соединат. Кремот изладете го, така да биде како омекнат путер.

Филување: премачкајте со бел фил, па премачкајте со топинг, ставете ја
втората кора и повторете ја постапката.