Превкусни запечени палачинки во млеко со ореви и шеќер

Потребни состојки:

3 јајца

300 мл млеко

200 мл кисела вода

300 г брашно

Loading...

1 прстофат сол

½ лажичка шеќер

на врв од нож прашок за печиво

3 лажици масло

За наросување:

18 лажици мелени ореви

18 лажици шеќер

750 мл млеко

Постапка:

Изматете ги јајцата пенасто, потоа лесно промешувајќи додадете млеко, вода, прстофат сол, половина лажиче шеќер, прстофат прашок за печиво и масло.

Постепено додавајте брашно и матете со миксер. Палачинките печете ги во тефлонско тафче.

Јас користам тавче 28 см и потребни ми се 12 палачинки (по 6 во два реда)зошто ми одгораат според должината, па кога ќе ги наредат една до друга се исполнува целото тавче.

Секоја палачинка наросете ја со по една лажица мелени ореви и една лажица шеќер.

Палачинките се виткаат и се редат во длабока тепсија или огноотпорен, керамички или некој друг сад.
Потоа наросете ги со три лажици ореви и три лажици шеќер.

Ставете ја втората половина свиткани палачинки и повторно наросете со три лажици шеќер и три лажици ореви.

Прелијте ги со млеко и оставете ги  малку време да впијат.

Печете ги 15-тина минути на темпеатура од 200 степени, само малку да заруменат, колку да се запечат одозгора.

Вие можете да правите и повеќе палачинки, но секогаш гледајте во повеќе редови да ги наредите.

Loading...