Вкусна боранија со говедско месо направена по ОРИГИНАЛЕН рецепт! Боранија со говедско месо, здраво и вкусно јадење на лажица. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици кромид, 700 г говедски бут, 800-900 г жолта боранија, 4 моркови, 1 чешне лук, 100 мл сок или сос од домати, 2 лажици брашно, масло, сол, сув зачин и бибер, 1 литар вода
ПОСТАПКА: Сипете малку масло во тавата и загрејте го. Додајте го исечканиот кромид и динстајте го додека да омекне и застакли. Додајте 1 лажичка сол, па кога кромидот ќе омекне додајте го месото исечкано на коцки. Динстајте 15-тина минути, а потоа додајте го морковот (рендан или исечкан на ситни коцкички).
Варете околу 20 минути со повремено додавање вода. Кога течноста ќе испари, додајте ситно сечкано лукче, брашно и слатка пиперка, додајте вода и почекајте да зоврие. Додајте сок од домати.
Кога повторно ќе зоврие, додајте ја боранијата и зачинете со суви зачини и црн пипер по вкус. Гответе уште 30 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Посна чорбеста боранија без брашно и запршка, ептен многу е вкусна, па ја јадат дури и оние кои не постат“ – ОВДЕ.