Home Здравје Терапевт откри решение! Како да се ослободите од болките во стапалата за...

Терапевт откри решение! Како да се ослободите од болките во стапалата за само неколку секунди

Ако ве боли стапалото, со посилно удирање на одреден начин, ќе го решите проблемот и ќе се чувствувате многу подобро.

Болката во стапалото, т.е. плантарен фасцитис, е воспаление на плантарната фасција. Тоа е болна состојба на стапалото, предизвикана од воспаление на лигаментите на плантарната фасција.

Плантарната фасција е фиброзна апонеуроза, која од едната страна се прицврстува на внатрешната страна на коската на петата (калканеус), а од другата страна на попречните лигаменти на метатарзалните коски и на флексорните тетиви на прстите.

Неговата функција е да обезбеди статичка поддршка на стапалото за време на движењето, но и да ги апсорбира вертикалните сили на стапалото за време на активноста.

Со оглед на тоа што централниот дел на фасцијата е најгуст и најсилен, носи најголеми оптоварувања, па затоа е најчесто место за појава на плантарен фасцитис.

Терапевтот Џејмс Мур, кој има речиси 3 милиони следбеници на својот Инстаграм профил, покажа како можете да се ослободите од оваа болка за само неколку секунди.

Сè што треба да направите е да седнете, да ги прекрстите нозете, да ги затегнете прстите со едната рака, додека со другата посилно ќе го удирате стапалото со тупаница, т.е. табанот на стапалото.

https://www.instagram.com/reel/CvZwljdq7bp/?igshid=MTc4MmM1YmI2Ng==

Како тоа изгледа во пракса погледнете во видеото на линкот ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Ефикасен начин за ослободување од болката во петата: Потребна ви е една лажица и тениско топче, испробано“ – ОВДЕ.