Отекувањето на нозете во лето е речиси неизбежно, особено ако седите или стоите долго време. Кога температурите надминуваат 30 Целзиусови степени, многумина се чувствуваат слабо и поспано, но голем е и бројот на оние кои страдаат од отекување на нозете.
Долгото седење и стоење придонесува за тоа, а овој проблем може да биде многу непријатен. Најчесто стапалата и дел од ногата околу зглобот на глуждот отекуваат поради притисокот што го трпат, а симптомите кои се јавуваат се трнење во нозете, болка и чувство на тежина во нозете.
Причината поради која на здравите луѓе им отекуваат нозете во текот на летните месеци е проширувањето на крвните садови кое настанува поради изложеност на топлина.
За да ја решите оваа непријатност, повремено туширајте ги нозете со ладна вода, а лекарите советуваат да ги кренете нозете кога ќе имате можност.
Исто така, важно е да изберете удобни чевли кои нема да ви вршат притисок, а оние кои многу седат на работното место треба што почесто да стануваат за да ги размрдаат и да ја поттикнат циркулацијата.
Отекувањето на нозете кај здравите луѓе може да се спречи со пиење повеќе течности, пред сè вода и чаеви, а се препорачува и природен напиток кој ќе го забрза метаболизмот и ќе го исфрли вишокот течност од организмот.
Исечкајте една полна рака лист од магдонос и прелијте го со 400 мл вода, поклопете и оставете да отстои преку ноќ. Наутро, процедете, додајте сок од лимон и испијте ја оваа количина три пати.
Доколку страдате од отечени стапала, внесете повеќе овошје и зеленчук во секојдневната исхрана, како и сезонски зеленчук, добри диуретици, со тоа што мора да се консултирате со лекар доколку земате лекови кои делуваат на ист начин.
Цвеклото, грозјето, боранија, тиква и ананас се добар избор, но исто така се и маслиновото масло, доматите и слатките пиперки.
За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Пченкарната свила е топ бр.1 за лекување на бубрези и отечени нозе“ – ОВДЕ.
Пченкарната свила е топ бр.1 за лекување на бубрези и отечени нозе