Анато е портокалово-црвен зачин и прехранбена боја добиена од семето на растението урукум (ачиот) (Bixa orellana). Се користи за боење на пр. сирења и млечни производи во жолта или портокалова, но понекогаш се додава поради неговиот мирис, кој е опишан како јаткаст, малку сличен на морско оревче и луткаст.
Бојата на анато доаѓа од каротенските пигменти, главно биксин и норбиксин. Тие се наоѓаат во црвената, речиси восочна обвивка на семето. Зачинот анато обично се добива со мелење или претворање на семето во паста.
Друг начин е да се извлечат пигментот и аромата со помош на топла вода, масло или маснотии, а потоа да се додадат во храната.
Анато се смета за природна алтернатива на синтетичките бои за храна, а американската ФДА ја наведува како природна боја за храна која не треба да биде сертифицирана. Слично како црвениот пипер, шафранот и куркумата, освен што на храната и дава боја, анато е корисно за здравјето.
Се користи како боја за тело, за заштита од сонцето, па дури и како природен репелент против инсекти. Изобилува со антиоксиданти кои го неутрализираат ефектот од негативното дејство на слободните радикали.
Поседува и моќни антимикробни својства со што помага во лекувањето на некои болести предизвикани од штетни бактерии. Се користи и како превенција од остеопороза. Анато е богато со токотриенол, форма на витамин Е, познато по тоа што ги одржува коските силни и здрави.
Некои истражувања покажуваат дека каротеноидот биксинот, главната состојка во анатото, може да помогне во заштита на здравјето на срцето со редуцирање на некои ризик фактори.
Во комбинација со исхрана базирана на овошје и зеленчук кои се богати со антиоксиданти, како и здрав животен стил, анатото е одлично за нормализирање на крвниот притисок и превенција од крвни згрутчувања.
Норбиксинот, уште еден вид каротеноид кој се наоѓа во анато, се поврзува со подобрување на здравјето на очите.
Помага во контрола на шеќерот во крвта, го подобрува дигестивното здравје, ја намалува високата температура, кашлицата, изгорениците, кожните заболувања и помага при слабеење, а особено помага во детокс на црниот дроб. Студија ОВДЕ. Видеопрезентација на д-р Марио ОВДЕ. Симптоми за заболен црн дроб – ОВДЕ.