Станува збор за домашно средство кое ќе ги неутрализира непријатните мириси на душекот и ќе ги отстрани грдите дамки кои се појавуваат со тек на времето.

Дали сакате да го освежите стариот душек или да се ослободите од дамките од пот? Рецептот за чистење на стар душек ќе ви одземе минимално време, но резултатот е вреден за трудот и потрошеното време.

Станува збор за домашно средство кое ќе ги неутрализира непријатните мириси на душекот и ќе ги отстрани непријатните дамки. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 хидроген 3 % (купено во аптека), 3 големи супени лажици сода бикарбона, една или две капки течен сапун или детергент за миење садови

ПОСТАПКА: Најпрво измешајте ги хидрогенот и сода бикарбоната во длабок , па кога ќе добиете изедначена смеса, сипете една до две капки сапун или детергент за миење садови. Добро измешајте и истурете во шише со распрскувач.

Испрскајте го душекот – ќе се појави пена. Почекајте површината да се исуши (можете да ја забрзате со фен) па исчеткајте со сува четка или правосмукалка.

Ако сакате само малку да го освежите душекот, сода бикарбона ќе ви биде доволна. Сè што треба да направите е да го посипете душекот со сода бикарбона, да го оставите да отстои малку и да исчистите со правосмукалка. Истата постапка важи и за освежување на тепихот.

Пожолтените перници можете да ги избелите ако ги исперете во мешавина од една шолја детергент за перење, една шолја детергент за садови, една шолја белило и половина шолја боракс.