Раѓањето на детето е голем настан во животот на секој родител. Тука е и слатката мака – какво име да му се даде на бебето. Изборот е навистина голем, особено денес и тешко е да се донесе одлука.
Дали ќе биде традиционално, модерно, кратко или долго име, е често поставуваното прашање. Денес на многумина им е важно самото значење на тоа име.
Многу родители не го знаат вистинското значење на одредени имиња кои порано пак, намерно и со цел им биле давани на децата.
Кога станува збор за избор на име за момче или девојче, родителите се водат од трендовите, традицијата или личните побуди, а има и такви кои го истражуваат значењето на името пред да донесат конечна одлука.
Ако спаѓате во оваа група, веројатно треба да избегнувате име што има тажно потекло.
Името Ненад е изведено од глаголот „да се надеваш“, со негација, односно „да не се надеваш“ или „да се изненадиш“. Името најчесто го добиваат децата кои на овој свет дошле „неочекувано“, „ненадејно“, на кои родителите не се надевале или не ги планирале (не ги сакале).
За повеќе интересни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ДЕЦАТА КОИ ГО ДОБИЛЕ ОВА ИМЕ: Секогаш се под божја закрила и ги чува Бог – еве го значењето на најубавите христијански имиња“ – ОВДЕ.