Home Здравје Ова се првите симптоми за воспаление на бубрезите! Штом го забележите ова-веднаш...

Ова се првите симптоми за воспаление на бубрезите! Штом го забележите ова-веднаш на лекар: еден знак кога одите во тоалет сè говори

Бубрезите играат многу важна улога во нашето тело бидејќи ги прочистуваат отпадните материи и вишокот вода, но ја филтрираат и крвта. Се смета дека една четвртина од вкупниот волумен на крв поминува низ бубрезите на дневна основа.

Секоја мала промена може да влијае на нивното нормално функционирање, па затоа е важно навреме да се препознаат некои од симптомите на воспаление на бубрезите:

Првите симптоми обично се: проникнување, трепет по целото тело, придружено со висока температура и болки во зглобовите и мускулите, вклучувајќи болка во колковите и долниот дел на грбот.

Можно е при ваквите симптоми воопшто да не помислите дека станува збор за бубрезите. Може да се појават и симптоми како што се болка од печење при мокрење, потреба за итно мокрење или често мокрење.

Ова се најчестите симптоми: болки во грбот (тапи или како прободување), исцрпеност, треперење, нагон за повраќање, печење и болка при мокрење, често или ретко мокрење, заматена урина со непријатен мирис, ноќно мокрење, топла и црвена кожа, често влажна

Акутното воспаление на бубрезите се карактеризира и со промена на бојата на урината, исто така и мирисот на урината е специфичен. Бактеријата ешерихија коли, која е најчеста причина за нефритис, на урината и дава силен и тежок мирис, правејќи ја бојата потемна и заматена.

Воспалението на бубрезите (нефритис) се јавува како резултат на вирусни и бактериски инфекции, но често се случува генетската предиспозиција или долготрајната употреба на лекови, како што се антибиотици или нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), исто така се одговорни за воспаление на бубрезите.

<

Знаците на бубрежна болест може да се откријат со анализа на примероци од урина, крв и крвен притисок.

Доколку забележите некои од симптомите споменати погоре, време е итно да се јавите кај вашиот лекар за помош, кој ќе ви препише адекватна терапија. Пиењето многу течности и чаеви за проблеми со бубрезите се уште една опција која може да помогне заедно со лековите!