Home Останато Љубов Кучето се вратило дома после 10 дена! Погледнете ја емотивната реакција на...

Кучето се вратило дома после 10 дена! Погледнете ја емотивната реакција на мачката кога ќе го здогледа

Никој не ги сака збогувањата. Кога некои луѓе заминуваат, ние се растажуваме и едвај чекаме да се вратат. Кога таа личност ќе се врати, нè исполнува со среќа и радост. Ова видео ќе ви докаже дека тоа важи и за животните.

Што е првото што го правите кога ќе ги видите луѓето што ви недостигале? Ги прегрнувате.

И оваа мачка го направи истото тоа. Кога го видела кучето, веднаш притрчала во неговите прегратки и не помислила да го испушти. Изгледа како на ова куче да му е малку досадно, особено после авантурите што ги имало изминатите десет дена, па се обидува да оди ваму-таму за да се ослободи од мачката, но не му успева.

Реакцијата на оваа мачка е прекрасна и докажува дека различни животни можат да бидат пријатели. Навистина е убаво да се види кога се согласуваат еден со друг.

Видеото е прегледано речиси 30 милиони пати, многумина се воодушевија, па оставија коментари:- Кучешко лице: Мислев дека сум се ослободил од овој досаден тип.

Кучешка опашка: Не знам што би правела без неа
– Кучето се обидува да ги сокрие сите свои емоции, но агресивното мавтање со опашката го оддава.

– Мачка: Ми недостигаш! Куче: Ти мене не. Кучешка опашка: Да, и ти мене.- „Престани да ме срамиш пред човекот.“- Кучето изгледа како да му е непријатно. „Еј, морам да се сокријам. Престани.”

Како изгледаше оваа прегратка погледнете во видеото ОВДЕ: