За да може лесно да ги размножите орхидеите, ќе ви потребна една банана. Изедете ја бананата, а кората не фрлајте ја, туку ситно исечкајте ја. Таа содржи многу витамини и минерали: витамини А, Б, Ц, Е и протеини, фосфор, особено е богата со калиум.
Калиумот одлично се спротивставува на сушата, и помага на орхидејата да транспортира вода од коренот до врвот, така што орхидејата не венее. Исечете ја кората од банана, ставете ги парчињата во тегла и залијте со 500 мл зовриена вода.
Затворете и оставете да отстои еден ден со повремено протресување за да можат да се испуштат сите хранливи материи. Следно што ќе ви биде потребно е гранка од орхидеја на која имало цветови, но сè уште зелена.
Исечете ја гранката на резанки помеѓу секое „зглопче“ или членче од кое ќе може да се развие новата билка. Користете скалпал или нож, претходно дезинфициран во алкохол. Потоа ќе ви биде потребен восок.
Земете една свеќа, запалете ја, па со течниот восок целосно затворете ги исечените делови од двете страни. После еден ден отстојување, процедете ја течноста од корара од банана и додајте една таблета витамин Б1.
На овој начин ќе добиете многу моќно органско ѓубриво. Витаминот Б1 им помага на растенијата подобро да ги апсорбираат хранливите материи и го регулира растот, многу добро го стимулира коренувањето.
Тоа е навистина совршен рецепт за целосен развој на корењата, листовите и цветовите. Потопете ги малите гранчиња од орхидеја во овој раствор и оставете ги 15 минути пред засадувањето.
За засадување ќе ви биде потребен специјален супстрат наменет за орхидеи, а кој можете да го набавите од цвеќарница, замјоделска аптека или сами да го направите од кора од дрво (по можност бор) и мов, но ќе ви биде потребен и сунѓер кој одлично за задржува влагата.
Доколку можете да најдете користете специјален сунѓер кој е порозен. Секое гранче добро фиксирајте го во едно вакво сунѓерче, како што е опишано во видеото. Витаминската течност растворете ја во 2 литри вода и користете ја за наводнување.
Испрскајте доволно од оваа течност, а сунѓерот има голема способност да ја задржува влагата. Ставете ги на светло место, избегнувајте директна сончева светлина. Направете ефект на „стаклена градина“ со поклопување на исечен дел од пластично шише, кеса или нешто слично.
По 3 недели ќе забележите дека се појавиле мали орхидеички, а по 3 месеци орхидеите ќе бидат доволно пораснати кога ќе можете да ги пресадите. Целата постапка погледнете ја во видеото ОВДЕ.