Денес ќе ги објаснам главните причини за надуеност на стомакот. Овој вид на тегоби се претворија во вистинска епидемија во развиениот свет, вели д-р Марио во својот прилог, кој можете да го погледнете подолу во текстот.

Во нашето тенко и дебело црево постои „цревен микробиом“, живеалиште на микроскопски мали микроорганизми. Вируси, бактерии, габи…Врз основа на нивното дејство, се делат на „добри и лоши“ за нашето тело.

Кога добрите микроорганизми доминираат во огромно мнозинство, ние сме здрави, а нарушената рамнотежа нè прави болни. Здравата цревна микрофлора содржи помеѓу 85-90% добри микроорганизми и околу 10% лоши.

Исто така, нашите црева содржат околу 100 милиони неврони. Тие се нарекуваат ентеричен нервен систем. Па, кога основата ја објаснивме, може да преминеме за тоа што ги предизвикува нашите дигестивни проблеми…

Да почнеме со најлесните ситуации. Ако јадете храна премногу брзо, многу воздух влегува во вашиот дигестивен систем и стомакот ви се дуе. Затоа јадете побавно, добро џвакајте ја храната и нема да имате никакви проблеми!

Друга работа што може да се случи е да пиете течности премногу брзо, па стомакот ќе ви се надуе. Следно, лошата храна што ја јадете предизвикува непријатности. Веројатно внесувате малку растителни влакна.

Храна која е богата со шеќери, преработени јаглехидрати, конзервирана и препакувана храна, преработените месни производи…сите овие намирници го влошуваат вашиот проблем.

Помалку сериозни ситуации вклучуваат недостаток на движење и премалку вежбање, дури и ако јадете малку зеленчук, овошје, интегрални житарици и слично, вашите проблеми ќе се влошат доколку немате физичка активност.

Сега ќе зборуваме за многу посериозни ситуации. Психолошки состојби како што се
стресот, депресијата и анксиозноста ги влошуваат проблемите. Кај овие нарушувања, хормоните на стрес како кортизол, адреналин, инсулин веројатно се значително зголемени.

Нарушувања во исхраната како анорексија у булимија може да предизвикаат надуеност на стомакот. Земање премногу лекови може да резултира со надуеност.

Синдром на иритабилно црево е сериозна болест на воспаление на цревната слузокожа што предизвикува абдоминална надуеност.

Следно, ќе зборуваме за Кронова болест, каде најчесто се воспалува слузокожата на вториот дел од тенкото и првиот дел од дебелото црево, но тоа може да се случи било каде во цревата.

Друга болест која е многу опасна, се нарекува улцерозен колитис – воспаление на слузокожата на дебелото црево. Сите овие болести бараат стручна медицинска помош. ACSITES е болест на прекумерното задржување на течности во телото.

Многу сериозна болест. Целијакија (интолеранција на глутен) и интолеранција на лактоза, исто така може да предизвикаат влошување на симптомите и да предизвикаат подуеност на стомакот.

Следната работа за која ќе зборуваме е болеста наречена СИБО. Се карактеризира со прекумерен раст на лоши микроорганизми во цревата кои предизвикуваат надуеност.

Постои можност да сте развиле бактериско или вирусно воспаление на цревата. Овие болести се нарекуваат ВИРУСЕН ИЛИ БАКТЕРИЈАЛЕН ГАСТРОЕНТЕРИТИС. Бактериите кои ги предизвикуваат овие заболувања се стафилокока, ешерихија коли, салмонела…

Вирусите се РОТА ИЛИ НОРО ВИРУСИ. Хормонални проблеми, особено кај жените предизвикуваат надуеност. Оваа ситуација е поврзана со менопаузата или менструацијата.

Главните виновници се нерамнотежата на половите хормони. Ние првенствено зборуваме за прогестерон и естроген. Болестите на тироидната жлезда, панкреасот, алергиите може да предизвикаат надуеност на стомакот.

Најлошото нешто што може да се случи е развојот на РАК ВО ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ, кој е во подем во последните неколку децении.

Клучот за трајно отстранување на надуеноста е да се најде причината. Кога ќе ја пронајдете причината, ќе можете да го решите проблемот на најдобар природен начин… Прилогот на д-р Марио погледнете го ОВДЕ.