Јас вака ги правам веќе со години, мене ми се најубави, а и секој што ги пробал – ги пофалил и побарал рецепт. Нема некоја голема филозофија околу подготовката, дури и побрзо се приготвуваат од класичните ќофтиња.
Ова е уште еден во низата рецепти за ќофтиња од мелено месо, но имаат поразличен вкус и многу се интересни. Излегува доста количина, па моја е препорака е да ги испробате. Рецептот ми е од Јафи, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г мелено месо (говедско употребувам, но може и мешано или по ваш вкус, па дури и со пилшеко излегуваат убаво), 2 компири со средна големина, 2 моркови, 1 главица кромид, 1 јајце, малку сол и брашно за валање
ПОСТАПКА: Во ладно мелено месо изрендајте ги компирите и морковите, додајте едно јајце и посолете, додајте ситно сечкан кромид (ама баш ситно исечкан) и сето добро соединете го, најдобро со рака.
Од смесата црпете со лажица и правете ќофтиња со големина по желба. Валајте ги во брашно, малку истапкајте ги за да се истресе вишокот, па пржете ги во масло загреано на умерена температура кон висока.
Кога ќе се направи коричка намалете ја температурата, свртете ги ќофтињата и пржете ги 10-тина минути на најниска температура, за да омекнат компирот и морковот. Јас ги послужувам со таратор салата, а вие можете со некоја по ваш избор.
Во продолжение можете да го прочитате рецептот на Том Филос: КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња
Испробајте го рецептот на Том Филос кој е еден меѓу најдобрите. Ќофтињата излегуваат многу сочни и вкусни, за час ги изедовме, па еве ги правам по вторпат, во двојна доза. Постапката е едноставна, а резултатот е врв, нема да се покаете ако ги направите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г мелено месо, 4 јајца, 50 мл сончогледово масло за готвење, 250 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 50 г лебни трошки (презла), 280 мл вода, мелен црн пипер, сол и сув зеленчуков зачин (вегета) по вкус, масло за пржење. Постапката прочитајте ја ОВДЕ.
КИНЕЗЕРИ: Многу вкусно јадење, од 500 грама мелено месо ќе добиете 1 кг ќофтиња