Ако и вие дома чувате орхидеја, сигурно сакате таа што подолго да ви цвета. орхидеите се познати по нивната способност да цветаат 3 до 6 месеци, но се разбира, доколку соодветно се грижите за нив.

Тие не се обични цвеќиња, туку се аеробни растенија, што значи дека нивните корења не растат во обична земја како што е случај со другите цвеќиња, па за нив е потребно да обезбедите соодветен супстрат, редовно да ги навлажнувате, да ги полевате правилно и добро да ги храните.

Ќе ви откријам која е најдобрата прихрана за орхидеите и доколку правилно се грижите за неа, таа ќе цвета најдолго што може. Секако, привремено можете да ја менувате прихраната со некое друго природно средство, но од мое лично искуство, ова се покажало како најефикасно. Еве што ви е потребно:

Земете еден подлабок сад и ставете во него 5 супени лажици ориз. Прелијте го со 500 мл вода на собна температура. Промешајте го оризот добро за да се измие од водата, исто како што тоа го правите пред секое готвење.

Водата процедете ја во друг сад. Оризот понатаму искористете го како сакате и од него пригответе некое јадење за вас, а водата сочувајте ја за орхидејата. Натопете памукчиња и нежно пребришете го секој лист од горната и долна страна.

Ова ќе помогне да ги исчистите листовите и од нив да ги отстраните фунгите, а истовремено на орхидејата и обезбедува потребни нутриенти потребни за раст и развој. Ова повторувајте го секои две недели и вашата орхидеја ќе има убави, здрави и зелени листови.

Исто така, течноста можете да ја сипете во шише со ситен распрскувач, па обилно испрскајте ги листовите и стебленцето, како и надворешните корења. Ќе го има истиот ефект како да сте ги пребришале со натопеното памукче. Но, не ги прскајте цветовите!

И, најпосле, убаво залијте ја орхидејата со оваа течност што и ќе и даде нова сила да расте уште поздрава и поубава. На овој начин таа добро ќе се нахрани со сите неопходни нутриенти. Оставете да се натопува 1 час, па извадете ја да се дренира.

Оваа постапка повторувајте на секои 14 дена. Она што ќе ви преостане од оризовата вода, можете да го ставите во калапчиња за мраз, па по потреба да си вадите. Но, никако коцките мраз не ги ставајте врз растението, зашто орхидеите не сакаат ладно.

Секојпат почекајте коцките мраз да се растопат до собна температура пред да ја полеете течноста врз орхидеите. После 2-3 недели ваква нега, вашата орхидеја ќе закрепне, а листовите повторно ќе бидат зелени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.