Еден од најновите светски трендови во круговите на алтернативна медицина всушност е познат со векови. Станува збор за матичен млеч, кој во античка Кина го нарекувале „храна за императорите“ или „храна за царевите“.
Во Индија го јаделе само владетелите и најбогатите, а се верувало дека го подмладува телото и дава енергија. Една од најпознатите дами кои редовно земале матичен млеч е Лејди Дијана, чија храна произведена од пчелите помогнала при утринската мачнина за време на бременоста.
Лекарите велат дека постојат неколку причини зошто оваа скапоцена материја треба да се наоѓа во домашната аптека на секоја жена над 40 години.
Се смета за многу добар извор на витамини, минерали, амино киселини и протеини.
„Тој е особено добар како извор на витамини од Б-комплексот“, вели дерматологот од Флорида, д-р Ана Чакон. „Затоа им помага на хранливите материи што побрзо да стигнат до сите делови од телото. Таа спомена истражување во кое в агиналната употреба на матичен млеч била испитувана како помош при атрофија и сувост.
На жените им советувам да консумираат 300-6000 милиграми дневно“, вели докторката.
„Поточно, треба да започнете со помали дози и полека да ги зголемувате. „Во споредба со другите додатоци, матичниот млеч има посилно влијание врз намалувањето на хормоналната нерамнотежа“, вели таа.
Еден грам на ден може да помогне во ублажување на симптомите на ПМС, според истражувањето објавено во списанието Complementary Therapies in Medicine.
Кој треба да избегнува матичен млеч? Како прво, се работи за бремени жени и доилки бидејќи не постојат студии кои би ја гарантирале безбедноста на употребата. Исто така, секој кој е алергичен на пчели и мед не треба да зема матичен млеч.
Доколку имате дерматитис, прво консултирајте се со лекар, што им се советува на сите, бидејќи употребата на суплементи не е под толку строга регулатива и контрола како што е случајот со лековите.