Д-р Марио Лабудовиќ, кој многумина го почитуваат заради неговите искрени совети и народни рецепти за лекување на многу болести на својот јутјуб канал сподели рецепт со магдонос со чија помош, како што тој вели: „Засекогаш се отстрануваат старечките пеги, а еве што треба да направите…“

„Денеска ќе ви откријам прекрасен рецепт за природна емулзија која ќе ја нанесете на старечките дамки (пеги) и на тој начин ќе ги отстраните со текот на времето. Треба само да бидете упорни и редовно да ја користите емулзијата.

Старечките дамки првенствено се предизвикани од оштетување на кожата предизвикано од долготрајно изложување на сонце, но и од изложување на други фактори на животната средина, како на пр. пушење, стрес, несоница, лоша исхрана…

Најдобар начин да се отстранат старечките дамки е редовното внесување на ВИТАМИН Ц, бидејќи луѓето со старечки дамки имаат хроничен недостаток на витамин Ц И уште една клучна причина за појава на старечки дамки е ИНСУЛИНСКА РЕЗИСТЕНЦИЈА, која подоцна преминува во ДИЈАБЕТЕС.

Ве молам запамтете: НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Ц, ОТПОРНОСТ НА ИНСУЛИН И ПРЕКРЕМЕНОТО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СОНЦЕ СОЗДАВААТ старечки дамки!

Кога ќе го решите овој проблем и со употреба на соодветни природни креми, вашите старечки дамки ќе исчезнат.. Ова е мојот рецепт за денес…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 МАЛА ЛАЖИЧКА ИСЕЧКАН магдонос, 1/2 МАЛА ЛАЖИЧКА сода бикарбона, 1 МАЛА ЛАЖИЧКА ЈОГУРТ, 1 МАЛА ЛАЖИЧКА СОК ОД ЛИМОН,
1 МАЛА ЛАЖИЧКА ОД 100% ОРГАНСКИ ГЕЛ АЛОЕ ВЕРА.

Овде магдоносот е многу интересна состојка. Магдоносот е познат во светот на убавината по својите својства за осветлување на кожата, што го прави одличен за темни дамки и обоена кожа.

Растението е богато со апиол, соединение кое кога се нанесува на кожата делува како благо средство за белење, за разградување на вишокот пигмент на кожата. Во еден сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте.

Нанесувајте ја емулзијата врз старечките дамки двапати неделно. Емулзијата се остава на кожата да делува 15 минути и потоа се мие! Сите овие состојки ќе ги избелат старечките дамки на природен начин…

Уште еднаш, за крај да ве потсетам дека треба да јадете храна богата со витамин Ц, практикувајте диета наречена „интермитентен пост“ за контрола на дијабетесот и умерено изложувајте се на сонце!… советува д-р Марио, а можете да го слушнете ОВДЕ.