Се чини дека омилениот колач за оваа сезона е токму оној со вишните. За него се вели дека е „колач на сите времиња“, а секоја домаќинка си има своја верзија на основниот рецепт. Главно се мери со чаша или со шолја, во зависност од големината на колачот, а се состои од пандишапнски тесто од јајца во кое се нафрлаат сочните вишни.
Овојпат ќе ви претставиме два рецепти кои се разликуваат во нијанси, но вие сепак ќе си го одберете оној кој повеќе ви се допаѓа. Првиот рецепт е на Слаѓана Бундало, а вториот на Нермина Јордамовиќ.
Нермина за својот рецепт кажа: „Имам повеќе рецепти за овој колач, но токму овој е навистина најдобриот и со структурата, а и вишните не пропаѓаат на дното.“ Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со шолја од 100 мл): 4 јајца, 3 шолји шеќер или по вкус, 2 шолји јогурт, 2 шолји масло, 7 шолји брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г) и приближно 500 г исчистени вишни без семки
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за помал калап): Потребни состојки: 2 јајца, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 200 г јогурт, 100 г масло, 275 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 400 г вишни
Мерка за поголем плех 35х22: 3 јајца, 300 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 300 г јогурт, 150 г масло, 400 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 500 г или повеќе исчистени вишни без семки
ПОСТАПКА за рецепт 1: Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Белките пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот. Матете со миксерот додека шеќерот да се растопи и да добиете цврст снег од белки кој не паѓа од садот кога ќе го превртите.
Потоа започнете да ги додавате жолчките, една по една. Кога едната жолчка ќе се соедини со снегот, додајте ја следната. Потоа во тенок млаз додајте го маслото, а на крај и јогуртот. Кој сака може да додајте и ситно рендана кора од лимон за вкус.
Јас освен рендана кора, додадов и две мали лажички свежо исцеден сок од лимон и плуд ванилин шеќер. На крај додајте го брашното и матете со поспора брзина додека да добиете мазно и комапктно тесто без грутчиња.
Излејте го во намастен и набрашнет плех со диманзии 30х20 см (или обложен со хартија за печење). Колачот печете го 30-тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Кога ќе ја исклучам рерната, секогаш го оставам колачот внатре малку „да одмори“.
Кога ќе се олади наросете го со шеќер во прав. Постапката за вториот рецепт на Нермина можете да го прочитате ОВДЕ.
Јогуртен колач со вишни: имам повеќе рецепти, но овој е најдобриот, вишните не пропаѓаат!