Овие ќофтиња од зеленчук се приготвуваат за помалку од 20 минути. Не содржат ни трошка месо, а толку многу се вкусни, што додека се свртие, до последното парче ќе ги снема. Колку и да направам, секогаш се малку. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 модри патлиџани (450 г), 1 главица кромид (100 г), 50 г морков, 3-4 компири (400 г), 2 чешниња лук, 2 јајца, 2-3 супени лажици брашно. ЗА СОС: 60 г мајонез, 60 г кисела павлака, 1-2 чешниња лук, свеж копар/мирудија или зачин по ваш вкус.

ПОСТАПКА: Излупете ги, исечете ги на помали парчиња, па сомелете ги патлиџанот и кромидот, и оставете ги на цедалка за да се процедат од вишокот вода. Додајте ситно рендан морков, мелен лук / истиснат низ преса и брашно. Добро соединете, па додајте изматено јајце и уште еднаш промешајте за да се изедначи.

Во друг сад помешајте рендан компир, посолете и запиперете, па додајте изматено јајце. Добро соединете за да се добие компактна смеса. Црпнете од смесата со компир во рака, па убаво распоредете и направете како вдлабнување.

Потоа додајте од смесата со зеленчук, а одозгора уште една лажица од компирот. Убаво затворете ја внатрешната смеса од зеленчук со надворешната смеса од компир. Вака приготвените ќофтиња наредете ги врз работна даска.

Во нелеплива тава сипете малку масло и загрејте го на умерена температура. Ставете ги ќофтињата да се потпржат 5 минути додека да се направи крцкава коричка на компирот. А потоа превртете ги и пржете ги уште неколку минути под капак.

Подготвените ќофтиња наредете ги во огноотпорен сад и ставете ги да се печат во загреана рерна на 150 степени, приближно 15-20 минути. За тоа време можете да го приготвите сосот со кој ќе ги послужите:

Лукот сомелете го или истиснете го низ преса, а свежата мирудија ситно исечкјате ја. Во еден сад помешајте ги мајонезот и киселата павлака додека да асе изедначат, а потоа додајте лукот и мирудијата. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеопрезентацијата ОВДЕ.