Јогуртен колач со вишни: имам повеќе рецепти, но овој е најдобриот, вишните не пропаѓаат!

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Имам повеќе рецепти за овој колач, но токму овој е навистина најдобриот и со структурата а и вишните не пропаѓаат на дното.

Потребни состојки:

2 јајца

150 г шеќер

1 ванилин шеќер

200 г јогурт

100 г масло

275 г брашно

1 прашок за печиво

400 г вишни

Постапка:

Со жица или со миксер добро изматете: јајца, шеќер, ванилин шеќер, јогурт и масло. Додадете брашно измешано со прашок за печиво.

Сето соединете го во мазна смеса. (Јас земам пластичен сад на вага и ги додавам состојките една по една и така ги мерам).

Претходно загрејте ја рерната на 200 степени.

Плех 30х20 малку намастете го и набрашнете го.

Излејте ја смесата и одозгора нафрлете исцедени вишни, па малку притиснете.

Печете на 180 степени околу 30 минути.

Изладениот колач наросете го со шеќер во прав.

Тестото е одлично и вишните не пропаѓаат на дното.

Мерка за поголем плех 35х22:

3 јајца

300 г шеќер

1 ванилин шеќер

300 г јогурт

150 г масло

400 г брашно

1 прашок за печиво

Фото и рецепт: Нермина ЈордамовиЌ

Претходна статијаЌофте во ориз со младо кромитче и полиено со крем супа, многу вкусно јадење
Следна статијаЧамци со сирење или некој друг фил – повторно ќе ви бараат да им направите!