Порано не можеле да се замисли куќа со двој а да ја нема засадено оваа билка. Многу е популарна во целиот регион, а во потоплите краишта може да се најде и како самоника.
Веќе со децении оваа миризлива билка се користи како заштита од негативна и зла енергија што некој се обидува да ја внесе во вашиот дом. Тоа е рузмаринот. Се верува дека ако внесете рузмарин во куќата, со него носите и благосотојба.
Во 9 век, Карло Велики инсистирал ова растение да расте во неговите кралски градини, бидејќи верувал во неговите магични својства. Поради овие причини, го добило името „магично растение“:
– Се верува дека рузмаринот привлекува пари и благосостојба во домот, па затоа секој дом мора да го има. Можете да носите гранче од него и во вашиот паричник.
– Закачете неколку гранчиња од рузмарин над влезната врата за да ја заштитите куќата од провалници и да спречите да влезе негативна енергија. Се верува дека служи како еден вид амајлија, па секој дом што го има на ова место ќе биде заштитен од злото.
– Рузмаринот е ефикасен за подобрување на меморијата и за таа цел се користи во форма на етерично масло. Порано студентите додека учеле, за подобра концентрација закачувале гранче рузмарин во косата.
Неговиот мирис поволно делува на нервните клетки, па затоа е одличен и за опуштање и релаксација. Само поминете со раката низ грмушката рузмарин и ќе се ослободи неговиот пријатен мирис. Поради оваа причина, се користи и во медитација.
Рузмаринот се поврзува дури и со плодноста, па затоа се препорачува да чувате неколку гранчиња покрај креветот каде што спиете.
Ако постојано се чувствувате како да немате енергија, поспани сте, со низок притисок, главоболки, слаба циркулација и чести настинки – направете го овој рецепт од нашите предци – вино со рузмарин.
Кога треба да го направите ова вино:
-Ако наутро се будите поуморни отколку кога сте легнале и едвај станувате за да се приготвите за работа; ако преку ден сте тромави и поспани; ако имате низок крвен притисок и притоа се чувствувате како некој да ви ја земал целата енергија; ако се чувствувате нерасположено.
Рузмаринот најчесто се користи за подобра циркулација на крвта и подигнување на крвниот притисок. Помалку е познато дека рузмаринот го подобрува апетитот, благотворно делува на работата на желудникот, го исхранува исцрпениот организам, го зголемува расположението.
Рузмаринот во комбинација со вино може пријатно да делува на вашиот организам. Еве што ви е потребно за да го приготвите:
Потребни состојки: 1 литар домашно вино (бело или црвено), 50 г врвови од рузмарин (или само иглички), 50 г мед, 1 стапче цимет (1 полна лажичка во прав)
Постапка: сите состојки ставете ги во стаклено шише и 15 дена чувајте го на топло. Шишето треба да се протресува барем еднаш дневно. После две седмици виното процедете го и консумирајте го по една мала ракиена чаша наутро и навечер.
По 2 недели направете 1 недела пауза, па продолжете по истиот редослед. Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар.