Сомелете кора од банана, додајте сомелени лушпи од 2 јајца и една мала лажичка несварено кафе. Сето ова добро промешајте го со половина литар вода. Залевајте го коренот со оваа инфузија, полека, со лажица. За еден до два часа билките видно закрепнуваат и ако биле свенати се исправаат.

Јас ова го користам со години, гарантирано делува. Најпрво го испробав на „децембарката“ или како што се нарекува „божиќен кактус“. Беше нешто свенат, па немав што да изгубам. Се исправи за два часа откако му ја дадов инфузијата и ене уште стои исправено.

Оттогаш го користам на сите билки. Не може да им наштети. Кактусите дополнително сакаат засладена вода (сакаат слатко), а на сарделите една капка јод во еден литар вода (само никако во коренот, туку покрај ѕидовите на саксијата). Мелени лушпи од јајца ставам во сè.

Има уште еден рецепт за ефикасна инфузија која се приготвува од само две состојки, а едната е вода. Доколку имате многу цвеќиња и разни билки во дворот или дома, сигурно ќе ве израдува овој рецепт за смеса со која брзо закрепнуваат сите растенија.

Сè што ви е потребно е кора од банана, која наместо да ја фрлите, исечкјате ја на поситни парчиња и ставете ја во тегла во вода. Покријте ја со газа или со капакот оставете ја подотворена и оставете така да преноќи за да ги испушти своите корисни состојки.

После ова, процедете ја и со добиената течност залевајте ги билките, па брзо ќе воочите промена на листот. Бананите се добро познати по својата висока содржина на калиум, што нам на луѓето ни помага да останеме здрави и да ги добиеме хранливите материи што му се потребни на нашето тело.

Сепак, лушпата од ова вкусно овошје не треба да се фрла, како што прават многумина од нас. Користењето на кората од банана за органско прихранување може да биде од голема важност за растот и развојот на нашите растенија.

Кората на ова овошје содржи многу состојки кои го прават растението здраво. Кората од банана содржи фосфор кој поволно влијае врз цветањето на билката и му овозможува долго и бујно да цвета.

Калиумот им помага на растенијата правилно да се развиваат и растат, а калциумот пак, ги прави посилни и поиздржливи. Кората може да се користи како додаток на повеќе начини.

I НАЧИН: Оставете ја излупената кора да се исуши и да се направи црна. Сушете ја најдобро на сонце и на проветно место. Повремено потребно е да се превртува за да се исуши рамномерно и насекаде. Повремено проверувајте до каде е со сушењето.

Ако сè уште е мека и може да се витка, тогаш не е целосно исушена. Кората е убаво исушена кога лесно се поткршува кога ќе ја фатите со прстите и видно има намалено од килажата. Вака исушените кори од банана ставете ги во аван или во блендер и сомелете ги додека да добиете ситен прав.

Овој прав можете да го наросувате во земата кога ги наводнувате билките, или претходно да го мешате со вода како шејк, па со таа течност да ги полевате вашите билки. Оваа прихрана може да се користи подеднакво и за собни цвеќиња, но и за билки во градината. Вториот и третиот начин прочитајте ги ОВДЕ.