По правило рерната треба да се чисти после секоја употреба за да не се соzдаваат тврдокорни дамки кои е тешко да се исчистат. Но, ајде да не се лажеме, никој нема време тоа да го прави, особено после долгото и макотрпното спремање на јадењето.
Најчесто луѓето чекаат таа навистина да се извалка, па да земат да ја исчистат. Меѓутоа, тогаш сите се соочуваме со реален проблем, бидејќи потребно е многу повеќе време за да се остранат сите дамки.
За среќа, постојат некои трикови и совети кои можат многу да ни ја олеснат работата. Со помош на овој супертрик ќе заборавите на рибањето на рерната, а сè што треба да направите е да искористите една или две таблети за машинко перење на садови, врела вода и крпа.
Во врелата вода растворете ја таблетата за садови, па со синѓер премачкајте ја рерната со добиената течност. Потрудете се убаво да ја натопите а особено на тврдокорните дамки. Ако е потребно, употребете уште една таблета за погуст раствор.
Потоа наредете влажни крпи, или уште подобро кеси или фолија и оставете вака да отстои најмалку еден час или најдобро преку цела ноќ. По изминатото време тргнете ги крпите од рерната и пребришете.
Повеќето тврдокорни дамки ќе бидат растворени, па сè што ќе ви преостане е уште еднаш да поминете со сунѓер. Еве што вели презентерката Амела за методот со кеси:
„Рерната не сум ја исчистила цела недела после секојдневно готвење и намерно ја оставив да се извалка за да го испробам овој метод на чистење кој навистина е ефикасен и успева”, вели Амела. Нејзините следбенички го испробаа овој трик и своето воодушевување го искажаа во бројните коментари.
„На едно место ми се излеа и масло, но намерно го оставив“, вели Амела, која инаку рерната ја чистела после секое готвење. ПОСТАПКА: На сите средства за чистење рерна, во упатството пишува дека треба да ја испрскате рерната, да оставите да делува неколку минути, а потоа да ја исплакнете со вода и сите дамки ќе иcчезнат.
Но, тоа не е вистина. Јас кое средство и да го користев, после него морав по 2-3 часа да тpијам за да излезе сета нечистотија“, вели Амела.
Па, земете некое од поевтините средства и убаво испрскајте ја рерната. Потоа ставете проѕирна фолија или обложете ја рерната со кеси. Оваа постапка обично ја правам навечер, но овојпат рерната ја испркав наутро.
После 90 минути делување (а уште подобро ако се остави преку ноќ), отстранете ги кесите и фрлете ги во ѓубре. Потоа со обичен сунѓер еднаш поминете ја рерната, а потоа со влажна крпа пребришете ги остатоците од средството за чистење. Ќе бидете восхитени од резултатот!
За да не ви мириса рерната на xeмикалии, ставете еден сад со вода, а во него еден исечен лимон, па вклучете ја рерната да се загрее на најсилно. Потоа исклучете ја и оставете да се олади. На овој начин рерната нема да ви мириса на xeмикалии, туку на свеж мирис од лимон.
Во што се крие тајната на кесите? Еноставно е – ја сочувуваат влагата на средството кое сте го нанеле и го продолжуваат неговото дејство. Имено, доколку само ја испрскате рерната со средството за чистење и оставете да делува, ќе забележите дека тоа после 15-тина минути се исушило. А, штом се исуши средството и неговото дејство запира.
НАПОМЕНА: При контакт со силни xeмиски средства како што се оние за чистење рерна секогаш носете заштитни ракавици, а при прскањето носете маска и очила.