Задржувањето на водата во организмот е честа и непријатна појава. Најчесто тоа е безопасно и нема причина за загриженост, но се случува да е предизвикано и од одредени здравствени проблеми. Ако вашето тело претерано задржува вода, може да почувствувате непријатност, надуеност или оток на одредени делови од телото.
Без разлика на причината, природно е да сакате да го исфрлите вишокот вода од телото. Еве како да го забрзате тој процес. Свесни сте дека водата е неопходна за правилно функционирање на целиот организам бидејќи таа обично сочинува од 50 до 60% од вкупната телесна тежина.
Секоја дополнителна вода што се задржува во телото се нарекува едем или вишок вода во телото. Кога водата прекумерно се акумулира во телото, се јавува надуеност, особено во пределот на стомакот, нозете и рацете.
Нивото на задржување вода може да предизвика вашата тежина да варира до 2 килограми во еден ден. Тешкото задржување на водата може да биде симптом на срцева или бубрежна болест.
ПРИЧИНИ
Природните варијации на хормоните заедно со зголемениот внес на сол и јаглени хидрати за време на менструалниот циклус може да предизвикаат задржување на водата кај жените.
1. Избор на храна – Исхраната богата со натриум и јаглехидрати може да доведе до задржување на водата. Недостатокот на калиум и магнезиум, исто така, може да предизвика задржување на вода во телото.
2. Менструален циклус – Кај жените, природните хормонски варијации може да предизвикаат зголемено задржување на водата eдна седмица пред менструацијата.
3. Физичка неактивност – Долгото седење или стоење може да ја спречи течноста да циркулира правилно во телото. Ова предизвикува водата да се акумулира околу ткивата, што доведува до оток на екстремитетите.
4. Болести на срцето или бубрезите – Овие болести може да го нарушат нормалниот проток на крв. Срцевите и бубрежните заболувања може да предизвикаат акумулација на течност, што доведува до оток.
5. Лекови – Задржувањето на водата е несакан ефект на многу лекови. Тука се вклучуваат антиинфламаторни лекови и некои орални контрацептиви. Ако некој лек предизвикува загрижувачки несакани ефекти, консултирајте се со вашиот лекар.
КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД ПОДУЕНОСТ И ОТОЦИ:
Постојат многу начини на кои можете брзо и природно да изгубите тежина, со исфрлање на насобраната вода од телото. Најефективни се следниве:
1. Намалете го внесот на натриум (сол).
Првиот чекор за елиминирање на вишокот вода е да се замени храната богата со натриум со храна со ниска содржина на натриум. Премногу сол може да предизвика моментално задржување на водата.
Тоа е затоа што телото треба да одржува избалансиран сооднос на натриум и вода за да функционира правилно – ако консумирате премногу сол, телото ќе ја задржи водата.
Природната храна, како што се зеленчукот, јаткастите плодови и семките содржат малку натриум. Некои видови храна можат дури и да го намалат нивото на натриум, вклучително и бананите, авокадото и лиснатите зеленчуци.
2. Пијте повеќе вода
Иако звучи контрадикторно, водата може да го намали задржувањето на водата и отоците. Дехидрацијата може да предизвика телото да задржува дополнителна вода за да го компензира недостатокот на внес на свежа вода. Водата, исто така, ја подобрува функцијата на бубрезите, овозможувајќи вишокот вода и натриум да се исфрлат од системот.
Замената на зашеќерените пијалаци со чиста вода е одличен начин да бидете во тек со дневните потреби за хидратација на телото. Исто така, ако газираните пијалаци ги замените со вода, полесно и побрзо ќе се ослободите од надуеноста и побрзо ќе ослабете.
3. Намалете го внесот на јаглени хидрати
Јаглехидратите исто така предизвикуваат телото да складира дополнителна вода. Кога внесуваме јаглехидрати, енергијата што не ја користиме веднаш се складира во форма на молекули на гликоген. Секој грам гликоген врзува 3 г вода.
Намалувањето на внесот на јаглени хидрати е брз начин да се искористат резервите на гликоген, што значи дека задржувањето на водата исто така ќе се намали. Вообичаените јаглехидрати вклучуваат леб, ориз и тестенини.
Замената на некои дневни извори на јаглени хидрати со храна богата со протеини, како што се посно месо, јајца и производи од соја, може да го намали задржувањето на водата.
4. Додатоци во исхраната
Витаминот Б-6 и магнезиумот можат да бидат ефективни природни додатоци за задржување на течностите. Овие додатоци ја поддржуваат функцијата на бубрезите за да му помогнат на телото да исфрли дополнителна вода и натриум од системот.
Овие два додатоци се исто така многу ефикасни за ублажување на симптомите на предменструален синдром или ПМС, вклучително и задржување на вода. Магнезиумот и витаминот Б6 можат да ја намалат надуеноста на стомакот и отокот на нозете.
Консултирајте се со вашиот лекар пред да земете нови додатоци, бидејќи додатоците може да имаат несакани ефекти или да направат несакана интеракција со други лекови.
5. Вежбајте.
Вежбањето му овозможува на телото повеќе да се поти. Ова доведува до пад на нивото на водата во телото веднаш по вежбањето. Вежбањето исто така го стимулира протокот на крв и ја подобрува циркулацијата, што може да ја намали акумулацијата на течности низ телото, особено во нозете и стапалата.
Резултат – намалена количина и видливост на целулитот, потенок изглед на телото. Вежбањето уште повеќе ја намалува количината на вода во телото со согорување на енергетските резерви на гликоген. Сепак, замена на изгубените течности е од витално значење после секоја физичка активност за да се избегне дехидрација.
КОГА ДА СЕ ПОСЕТИ ЛЕКАР:
Задржувањето на водата ретко е причина за медицинска грижа, а ако е, во некои случаи може да биде симптом на посериозна основна состојба. Прекумерното задржување на водата може да вклучи затегнат изглед на кожата и кожа која прави дупка кога ќе се притисне.
Дури и ако задржувањето на водата не е сериозно, секогаш е најдобро да се консултирате со лекар доколку сте загрижени за состојбата на вашето тело.
ПРОЧИТАЈТЕ СЛЕДНО: Доколку ве мачат подуеност и гасови, лесно ќе се ослободите од тегобите со помош на слузавиот чај – ОВДЕ и АКО ИМАТЕ ОТЕЧЕНИ НОЗЕ: Пијте го овој стар народен напиток, делува многу брзо – ОВДЕ .