Тиквичките веќе нема да ги пржите! Рецепт за 5 минути, брзо и едноставно, а многу вкусно. Овие ќофтенца се приготвуваат на најлесен можен начин, а потоа се печат во рерна. меки се памук и многу вкусни, одлични за појадок или вечера, или како закуска во текот на денот. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г тиквички (1 поголема млада тиквичка), 2 јајца, 1 чајна лажичка сол, малку мелен црн пипер, 1 домат, 50 г едамер или кашкавал по избор, 130 г брашно (1 чаша од 200 мл), 1 кесичка прашок за печиво (12 г)
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, половина кесичка прашок за печиво (5 г), една црвена пиперка со средна големина, една тиквица, 250 г рендан кашкавал, 125 г брашно и сол и црн пипер по вкус
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквичка, малку мирудија/копар и магдонос, 50 г сирење/кашкавал, 50 мл јогурт или млеко, 3 супени лажици гриз, 2 јајца, 2 лажици масло, 1 лажица прашок за печиво (1 кесичка, 10 г), 70 г брашно
РЕЦЕПТ 4 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 тиквичка со средна величина, 2 јајца, 60 мл млеко, 100 г брашно, 2 лажици маслиново масло, 2 лажици гриз, 1 лажица прашок за печиво (10 г), 50 г пармезан, црн пипер по вкус и зачини доколку сакате, по вкус
ПОСТАПКА за рецепт 1: Тиквичката изрендајте ја на крупната страна од рендето. Во подлабок сад скршете две јајца, па со жица-маталка изматете ги со сол и малку црн пипер. Во јајцата додајте ги ренданите тиквички кои нема потреба да ги цедите.
Потоа додајте ситно сечкан меснат домат и рендан кашкавал. Постепено започнете да го додавате брашното помешано со прашок за печиво. Добро промешајте со лажица или кујнска шпатула додека да се изедначат состојките.
Калапите за мини мафини намастете ги со малку путер или маргарин, па полнете ги со смесата. Имајте во предвид дека при печењето мафините малку ќе пораснат, па доволно е да ги полните со по две-три лажици од смесата.
Мафините печете ги 25 минути во добро загреана рерна на 180 степени или додека да заруменат. печените мафини оставете ги малку да подизладат, а потоа внимателно со ноже подбутнете ги и извадете ги од калапите. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Постапката за приготвување на останатите рецепти прочитајте ја ОВДЕ.