Не се плаши од жени што се сигурни во себе, брат. Од реализирани и продуховени суштества што скроз го разбираат животот. Што не се плашат од предизвици и ударите на животот ги издржуваат на нозе.
А ги тумбал нив доста животот. Поминале низ сито и решето и сега се тука, такви, силни и одлучни веќе никој да не си игра со нивното достоинство. Ти викам брат, не се плаши од таква жена.
Дека на неа не и треба од тебе ништо освен тебе… другото може и сама да си го обезбеди. И ако таква жена те одбрала, биди горд на себе, дека сигурно нешто вредиш. Дека се заљубувала она порано во идиоти и преку глава и е од нив.
Е, за таква вреди да дадеш се што имаш. Дека таа e од онаа посебна сорта што тешко се отвара, ама еднаш кога ќе ти се предаде, твоја е целата, заедно со се што е нејзино. Само немој на таква да и глумиш нешто што не си, дека она има префинет осет и на прва ќе те открие.
И како што не трпи лигуши и кукавици, брзо ќе те откачи па после ќе ми кукаш и ќе треба да те тешам, иако унапред ќе знам дека ти си крив.
Колекционер 1-5
Цена на комплетот – 999 ден
Бесплатна достава низ цела МК
Онлајн нарачки на:
www.dragantanevski.com/нарачки