„Белиот комисброт секако е крал меѓу чајните колачи, како специјално да е создаден за сладење со кафе. Рецептот е многу постар од мене, а јас го наследив од мајкиниот тефтер. Овој колач го памтам најмногу од сè останато што ми правеше мајка ми.

Ова е вистински мирис и вкус на детството, па сите од мојата генерација сигурно со задоволство ќе се потсетат на него“, вели Милица, а во продолжение можете да го прочитате и рецептот на Натали. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 1 чаша белки (6-8), 1 чаша шеќер, 1 чаша масло, 1.5 чаша брашно, 1 лимон (сок и кора), 1 рака сечкани ореви, 100 г суво грозје или брусница, 100 г суви смокви

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 белки, 200 г шеќер, 150 г брашно, 100 мл масло, 150 г микс од сечкани ореви, сечкани суви кајсии и суво грозје, малку рендана кора од лимон

ПОСТАПКА за рецепт 1: Белките добро изматете ги со постепено додавање на шеќерот, па кога ќе добиете цврст снег започнете постепено да го додавате маслото во тенок млаз. Кога тоа ќе се инкорпорира, додајте сок од лимон, просеано брашно и ситно рендана кора од лимон.

Мешајте со лажица или шпатула за да добиете колку што можете повоздушесто тесто. Сувото грозје посипете го со малку брашно и промешајте за да не се лепат зрната. Ова особено важи доколку претходно сте ги натопиле во рум или сок за дабубрат, па процедиле.

Зрната додајте ги во смесата, а потоа сечканите ореви и смикви. Изедначете ја смесата. калапот намастете го и посипете го со брашно (се користи долгнавест и длабок калап за ролати или леб, но може и калап за куглоф или каков имате).

Излејте ја смесата во подготвениот калап, распоредете рамномерно и израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 45 минути. Оставете да се олади, па внимателно извадете го од калапот.

Може долго да стои, овој комисброт не се суши. Може да додадете парчиња чоколадо или јатки и суво овошје по ваш избор. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: изматете ги белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Матете додека шеќерот целосно да се растопи. Кога ќе добиете цврст снег, додајте масло и изрендајте малку лимонова кора, па внимателно промешајте го и брашното, исто така, со постепено додавање.

Во овој рецепт не се става прашок за печиво. Мешајте со лажица, полека, со превртување за да се сочува пенливоста на смесата. На крај додајте го миксот од ореви и суво овошје и убаво изедначете. Калапот за срнечки грб намастете го со путер и наросете го со брашно. Распоредете ја во него приготвената смеса и израмнете.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Проверете со стапче дали е готов. Почекајте да излади, па потоа превртете го на чинија. За да се исече убаво, почекајте колачот целосно да се олади. Одозгора наросете шеќер во прав. / Сооlinarika.сom