Овие пирошки баш го имаат оној вистински вкус на пирошки, крцкаво тесто и мека внатрешност. Приготвени со ова тесто излегуваат како памук, вкусни се сами по себе, но може да се филуваат како пирошки и да ги направите уште повкусни. Пробајте го рецептот на Валентина Машковиќ, кој доби многу пофалби.
„За овие пирошки се чекаше ред во пекарница, воздушесто печиво полнето со сирење кое потсетува на детството.“ Може да ги послужите како предјадење, но и како за самостоен оброк. Тестото се подготвува со квасец, не е тешко за месење, само следете ја детално постапката. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл вода, 100 мл млеко, 1 лажичка шеќер, 20 г квасец, 2 јајца, 200 мл јогурт, 60 мл масло, 200 г сирење, 1 лажица оцет, 1,5 лажици сол, 1 прашок за печиво, 600 г брашно + за домесување, масло за пржење. *Пред пржење, тестото треба да се одмори во фрижидер 1 час.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад каде ќе го замесите тестото, сипете 100 мл вода и 100 мл млако млеко. Кратко промешајте, па потоа додајте 1 лажичка шеќер, изронете 15-20 г свеж квасец и додајте 2 лажици од вкупната количина брашно Измешајте со жица или маталка додека состојките да се изедначат и оставете квасецот да се активира, околу 5 минути.
Во меѓувреме земете еден друг сад и во него скршете 2 јајца. Изматете ги пенасто со жица, па додајте 200 мл јогурт, 50-60 мл масло, 1,5 лажичка сол (во зависност од тоа колку е солено сирењето). Потоа додајте 200 г издробено сирење. Сирењето треба да биде потврдо.
Преку тоа, додајте 1 лажица оцет и 1 кесичка прашок за печиво. Сите состојки добро измешајте ги со маталка, па додајте во смесата со активираниот квасец. Постепено додавајте го брашното (сепак количината зависи од тоа колку е тврдо сирењето). Мешајте со обична или дрвена лажица додека смесата да стане компактна, не се меси со раце.
Тестото треба да биде меко. Откако ќе го соедините, покријте го со стреч-фолија и оставете го во фрижидер на 1 час (овој чекор не смее да се пропушти). По изминатото време, истресете го тестото на работна површина и домесете го убаво за да стане мазно и изедначено.
Добиеното тесто (нелепливо) развлечете го со оклагија со додавање на брашно по потреба. Откако ќе го развлечете во правоаголник (2 см дебелина), исечете го на ленти со дебелина и големина по ваша желба. На секоја лента направете мал засек на средина.
Пирошките пржете ги во умерено загреано масло, од двете страни додека убаво да заруменат. Вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка за да се апсорбира вишокот маснотија. Послужете ги топли. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете ОВДЕ.