Мора да признам, ова е нешто ново за мене, неодамна првпат дознав за чистење прозори со чај и вчера го испробав методот, па премногу сум возбудена што морав да ги споделам резултатите.

Со оглед на тоа што на нашата улица нешто се гради и постојано имаме прашина, а да не ги спомнувам и масните, лепливи траги од рачињата на моите деца, на прозорите очајно им требаше темелно чистење. Се прашувате, зошто детските рачиња се лепливи?

И јас не знам. Ќе ми остане тоа како животна мистерија. Но, да се вратам на прозорите. Излегов да купам бел оцет со кој често чистам, но одлучив малку да истражувам и да откријам некој нов начин за еколошко чистење.

И така, налетав на една статија во која се тврдеше дека стаклото од прозорите најдобро се светлувало со црн чај. Купив ирски црн чај, па во 250 мл сварив 3 кесички. Го оставив така приближно еден час, додека целосно да се олади.

Го процедив и убаво ги истискав кесичките, а чајот го претурив во шишенце со распрскувач. Еве што треба да се направи: Најпрво, извадете ги ролетните и комарниците (доколку ги имате), а завесите извадете ги и ставете ги за перење.

Ролетните и комарниците исперете ги на вообичаен начин и оставете ги да се сушат. Започнете од рамките од прозорите и физичко отстранување на прашината и нечистотијата со сува крпа или некоја четка, а потоа преминете на класично чистење.

Исперете ги прозорите со вода, а потоа испрскајте ги со црниот чај. Направив мало истражување и открив дека танинската киселина во црниот чај делува како детергент, односно средство за чистење и растворење на нечистотијата и маснотиите.

За дополнително извалкани прозорци, потребна бече втора аплицација од чајот и пребришување со сува крпа, а на еден од прозорците се појави дамка, но брзо беше избришана и кога изгланцав со сувата крпа, прозорите навистина светнаа.

Севкупно, можам да кажам дека црниот чај делуваше неверојатно добро, плус мирисаше многу подобро и поубаво од оцетот, и плус-плус, тој е толку нетоксичен што буквално можев да кажам „можам да го пијам средството за чистење“. Дефинитивно го препорачувам.