Потребни состојки:

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици брашно

4 лажици какао

4 лажици чоколадо во прав

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

150 мл масло

150 мл млеко

За жолт крем:

2 пудинг од ванила

900 мл млеко

6 лажици шеќер

150 г путер

За кафеав фил:

2 пудинг од чоколадо

800 мл млеко

6 лажици шеќер

100 г путер

Постапка:

За кора: одвојте ги белките од жолчките. Измиксајте ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер додека да станат пенасти, додадете масло, па по неколку минути миксање постепено додадете брашно измешано со прашок за печиво, а веднаш потоа и какао и чоколадо во прав. На крај промешајте со лажица и соединете со цврсто изматен снег од белки.

Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех за печење со средна величина, израмнете и печете во рерна на 180 степени, 20-25 минути.

Печениот и уште врел бисквит избодете го рамномерно со дршката од дрвена лажица.

Прво пригответе го жолтиот крем, така што во врелиот сварен пудинг ќе се додаде ситно сечкан путер. Се меша доволно долго кремот додека да стане рамномерно густ и мазен, па уште додека е топол се излева преку избодениот бисквит. Израмнете со лажица преку површината за да се исполнат сите дупчиња.

Оставете го колачот на страна додека го приготвувате кафеавиот крем. Во сварениот пудинг од чоколадо се додава путерот и рамномерно се промешува, па се прелива додека е топол преку жолтиот крем.

По желба наросете со чоколадни трошки. Изладете и послужете исечено на коцки.